Кој е Ханибал, новиот Пол Сколс?

Го носи името на големиот картагински војсководец, а токму оттаму и доаѓа. Новопечениот репрезентативец на Тунис е голема надеж на Манчестер Јунајтед, велат дека ќе биде новиот Пол Сколс.

Ханибал Межбри има 18 години и роден е во Франција како дете на туниски имигранти, а во Манчестер е од 2019 година каде паралелно настапува за младинскиот и резервниот тим, а тренира со сениорите. Претходно настапуваше за младинските категории на Монако, Булоњ-Биланкур и Париз.

Откако со своите импресивни игри за резервниот состав го привлече вниманието на Оле Гунар Солскјер, минатата сезона го направи и дебито во Премиер лигата во натпреварот од последното коло кога влезе од клупата.

За него велат дека е замена за Пол Погба, па ништо чудно што управата на клубот тактизира со евентуалното заминување на Французинот. Неговиот поранешен тренер од времето кога играше во Франција вели дека Ханибал дефинитивно ги има сите квалитети за да биде новиот Пол Сколс.

„Премиер лигата бара голема атлетика и силен физички капацитет. Тој сѐ уште може да достави мускулна маса. Доколку го направи тоа и не го мачат повреди, ќе се наметне кај Солскјер, сигурен сум во тоа“, за First Time Finish вели Реда Бехти, кој го тренираше во Париз.

„Може да стане идниот Пол Сколс во Мначестер Јунајтед. Ги има сите потребни квалитети од средниот ред за да стане лидер“, додава тој.

Манчестер го доби неговиот потпис во 2019 година победувајќи во борбата со Барселона и ПСЖ кои исто така ја намирисаа светлата иднина на младиот Тунижанец. Патем, Ханибал веќе стана и репрезентативец на својата земја откако дебитираше во јуни на пријателска против Конго ДР, а потоа настапи уште на два натпревара. Претходно беше и репрезентативец на Франција во младинските репрезентации, но одлучи да ги брани боите на својата вистинска татковина.

реклама

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Заврши ретрограден Меркур: Детален хороскоп за сите знаци, 2 ќе бидат најсреќни

Read more

Фудбал

Кјеза: Заминувам ако Алегри остане тренер

Read more

Фудбалерот на Њукасл размислува за иднината: Положи за возачка за камион

Read more

Натпревар од Серија А вечерва ќе се игра само 18 минути

Read more

Историја на Интер - Торино: Прв пат во Серија А целосно женски судиски тим

Read more
 

Спорт

Кјеза: Заминувам ако Алегри остане тренер

Читај повеќе

Фудбалерот на Њукасл размислува за иднината: Положи за возачка за камион

Читај повеќе

Натпревар од Серија А вечерва ќе се игра само 18 минути

Читај повеќе

Историја на Интер - Торино: Прв пат во Серија А целосно женски судиски тим

Читај повеќе

Ван Дајк јавно ги прозва соиграчите: Сакате ли воопшто титула?

Читај повеќе

Ел Класико се сели во САД

Читај повеќе
  • filter

Новиот дрес на Милан нè враќа 100 години наназад

Читај повеќе

Што го убеди Чави сепак да остане во Барса?

Читај повеќе

Јирген Клоп: Извинете

Читај повеќе