Кој е најбараниот автомобилски бренд во Европа?

Европјаните сакаат германски автомобили – ова не е претпоставка, туку факт. Според податоците од вкупно 31 европска земја, најпродаваниот автомобилски бренд за 2018 година е Volkswagen, исто како и минатите две години.

Скандалите во кои беше вмешан Volkswagen во изминатите неколку години не направија никаква разлика за купувачите, кои и понатаму го преферираат овој бренд во однос на останатите на пазарот.

Volkswagen убедливо ја држи првата позиција со 1.746.674 продадени возила во 31 европска земја, односно 11,2% од вкупниот број на продадени возила доаѓаат од оваа германска компанија, објави focus2move.com.

На втората позиција се најде Renault, кој во 2018 година на купувачите им испорача 1.097.286 возила, додека на третата позиција е Ford, кој минатата година продаде вкупно 1.013.938 возила, што беше доволно за да освои 6,5% од пазарот.

Интересно е тоа што помеѓу првите десет производители се најде само еден од азискиот континент, и тоа Toyota, која се најде на десеттата позиција. Од друга страна, во Топ 10 се најдоа дури 5 германски производители.

Топ 10 најбарани автомобилски брендови во Европа:

1 – Volkswagen

2 – Renault

3 – Ford

4 – Peugeot

5 – Opel

6 – Mercedes

7 – BMW

8 – Audi

9 – Škoda

10 - Toyota

реклама

Со едноставен водоводџиски трик ослободете се од смрдеата од одводот

Read more

Трик со омекнувачот за облеката да мириса убаво и до седум дена

Read more

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Read more

Во која храна ги има трите минерали најважни за тироидната жлезда?

Read more

Авто новости

Lamborghini го смени логото по повеќе од две децении

Read more

Дизелот е мртов за Volvo

Read more

Кинезите направија „бум“ во 2023 година продавајќи возила за 8.000 евра

Read more

Нови безбедносни појаси: Се прилагодуваат на различни големини на тело

Read more
 

Автомобили

Lamborghini го смени логото по повеќе од две децении

Читај повеќе

Дизелот е мртов за Volvo

Читај повеќе

Кинезите направија „бум“ во 2023 година продавајќи возила за 8.000 евра

Читај повеќе

Нови безбедносни појаси: Се прилагодуваат на различни големини на тело

Читај повеќе

Е-автомобилите можат сами да си ги полнат батериите, некои можат да заштедат многу пари

Читај повеќе

Истражување: Kолкава моќност треба да има вашиот автомобил?

Читај повеќе

Водич за возачи: Одговорно паркирање

Читај повеќе

Последното Audi R8 оди од фабрика во музеј

Читај повеќе

Крај за два модела на Porsche во Европа

Читај повеќе