Кој го поседува најдрагоцениот дрес на Марадона?

Стив Хоџ е човекот кој го има фамозниот дрес на Марадона со кој ги постигна двата антологиски гола - Божјата рака и Голот на векот.

La mano de Dios

Мексико Сити, 22 јуни 1986 година. Во четвртфиналето на Мундијалот играат Аргентина против Англија. Во тек е 51. минута, Марадона тргнува во напад, додава до Хорхе Валдано, овој не ја контролира убаво топката и му ја одзема Стив Хоџ кој напамет ја исфрла во височина, но кон неговиот голман Питер Шилтон. Марадона не е во офсајд бидејќи топката доаѓа од противнички играч, се вивнува во воздух и на прв поглед успева со глава да го натскока Шилтон и да постигне гол. Но, голот е всушност со рака, а судиите тоа не го забележуваат. Аргентина води со голот кој ќе стане познат како Божјата рака (La mano de Dios).

Remote video URL

The Goal of the Century

Само 4 минути подоцна следува слалом на Марадона. Ги поминува Питер Брдсли, Питер Рид, Тери Бучер, Тери Фенвик, повторно Бучер, и на крај голманот Шилтон и го дуплира водството, постигнувајќи го она што ќе стане познато како Гол на векот (The Goal of the Century).

Remote video URL

„Беше неверојатен играч, но никогаш не можам да му простам за тоа што го направи“, вели измамениот Шилтон.

По натпреварот, Марадона и Хоџ си ги размениле дресовите, а Англичанецот до ден денес го чува драгочениот дрес со бројот 10, за кој имал и милионски понуди за да го продаде, но сите ги одбил. Последната, по смртта на Марадона, била 2 милиони долари.

„За мене тој дрес има неверојатна сентиментална вредност. Со години примам повици, како и преку ТВ и радио, а ми чукаат и на врата. Ме обвинувале и дека намерно одолговлекувам за да му ја зголемам цената. Но, на сите кои ми доставиле понуда им го дадов истиот одговор: 'Не е на продажба'“, вели Хоџ за BBC Radio Nottingham.

Кога Теру Бучер, викан Касапот, не само поради презимето Butcher (Касап) туку и поради неговите остри фаули, видел кој дрес го добил Хоџ, сакал да му го искине.

Всушност, Хоџ бил тој кој побарал размена со Марадона и тоа после натпреварот отишол во аргентинската соблекувална.

„Се шокирав и не можев да сфатам како некој може да влезе во аргентинската соблекувална и да го побара тој дрес... Марадона беше голем играч, но нѐ измами“, вели Питер Рид.

Англија на тој натпревар ја врати неизвесноста со голот на Гари Линекер на 9 минути пред крајот, но не успеа да стори ништо повеќе. Аргентина потоа стана и светски шампион, титула која им е последна на светската сцена.

реклама

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Заврши ретрограден Меркур: Детален хороскоп за сите знаци, 2 ќе бидат најсреќни

Read more

Фудбал

Кјеза: Заминувам ако Алегри остане тренер

Read more

Фудбалерот на Њукасл размислува за иднината: Положи за возачка за камион

Read more

Натпревар од Серија А вечерва ќе се игра само 18 минути

Read more

Историја на Интер - Торино: Прв пат во Серија А целосно женски судиски тим

Read more
 

Спорт

Кјеза: Заминувам ако Алегри остане тренер

Читај повеќе

Фудбалерот на Њукасл размислува за иднината: Положи за возачка за камион

Читај повеќе

Натпревар од Серија А вечерва ќе се игра само 18 минути

Читај повеќе

Историја на Интер - Торино: Прв пат во Серија А целосно женски судиски тим

Читај повеќе

Ван Дајк јавно ги прозва соиграчите: Сакате ли воопшто титула?

Читај повеќе

Ел Класико се сели во САД

Читај повеќе
  • filter

Новиот дрес на Милан нè враќа 100 години наназад

Читај повеќе

Што го убеди Чави сепак да остане во Барса?

Читај повеќе

Јирген Клоп: Извинете

Читај повеќе