Кој ќе ги добие милијардите на Ворен Бафет по неговата смрт?

Во понеделникот, 25 ноември, мултимилијардерот Ворен Бафет го објави досега најдеталниот план за тоа што ќе се случи со неговото богатство по неговата смрт.

Планот е содржан во писмото на Бафет до акционерите на американскиот инвестициски конгломерат Berkshire Hathaway, чиј извршен директор е тој. 94-годишникот во писмо од 1.300 зборови напишал дека се надева дека неговата сопруга ќе го надживее и ќе одлучи како да го подели богатството. Тој го истакна фактот дека е во својата десетта деценија од животот и дека е свесен дека на овој живот му доаѓа крајот.

Тој се надева дека неговите три деца - Сузи, Хауард и Питер, кои се во нивните 60-ти и 70-ти години - ќе живеат доволно долго за да одлучат на кои добротворни организации ќе им биде донирано дел од богатството на нивниот татко. Им постави задача да ја донесат таа одлука едногласно. Меѓутоа, доколку не се согласат по тоа прашање, тогаш богатството ќе биде донирано на три субјекти кои тој ги одредил, а кои тој не ги прецизирал во писмото.

„Очекуваниот животен век на моите деца е значително пократок од моментот на ветувањето што го дадов во 2006 година. Никогаш не сум сакал да создадам династија или да следам некаква агенда што ги надминува самите деца“, напиша еден од најбогатите луѓе во светот.

Тој најави дека ќе конвертира 1.600 акции од класа А во 2,4 милиони акции од класа Б, кои имаат помалку право на глас. Од тие 2,4 милиони акции, 1,5 милиони ќе бидат донирани на фондацијата „Сузан Томпсон Бафет“, именувана по неговата прва сопруга која почина, додека 300.000 акции ќе бидат донирани на три фондации управувани од неговите деца, чија вкупна вредност е 1,2 милијарди долари.

Покрај тоа, Бафет е донатор на фондацијата „Бил и Мелинда Гејтс“, која ја формираа ко-основачот на Microsoft Бил Гејтс и неговата поранешна сопруга Мелинда.

Во 2006 година, тој вети дека ќе продолжи да го донира своето богатство, кое американскиот деловен медиум Bloomberg го процени на 150 милијарди долари. Тој претходно им даваше совети на другите богати родители како да постапат со својот имот пред да умрат.

„Кога вашите деца ќе станат возрасни, нека го прочитаат вашиот тестамент пред да го потпишете. Погрижете се секое дете да ја разбере логиката на вашите одлуки и одговорноста со која ќе се соочи по вашата смрт“, советува Бафет, според CNN.

Тагови
реклама

Четири хороскопски знаци во кои се раѓаат најголемите хипохондрици во Зодијакот

Read more

Citroën 2CV би можел да се врати како ретро градски автомобил

Read more

Новости од Ирак: Девојчињата на возраст од 9, момчињата од 15 години ќе можат да се венчаат

Read more

Објавена листата на десетте најубави супермодели во светот според златниот пресек

Read more

Бизнис

Додека Давос го чека говорот на Трамп, европските индекси нееднакви, цените на златото и нафтата паѓаат

Read more

Биткоинoт урива нови рекорди пред инаугурацијата на Трамп

Read more

Експертите на Светскиот економски форум немаат добри вести за Европа во 2025 година

Read more

Русија заработила околу 3 милијарди евра даноци од компании од ЕУ

Read more
 

Вести

Верижен судир на скопската обиколница кај Смилковското Езеро, се судриле автобус, товарно возило и автомобили

Читај повеќе

ТАВ Македонија и аеродром Скопје: Не продаваме изгубен багаж, лажни профили сакаат да изнудат податоци од граѓаните

Читај повеќе

Во објект во Врапчиште најдени питбули и доберман користени за борби на кучиња

Читај повеќе

Вељаноски, Јанакиески, Ристовски и Атанасовски ослободени од гонење за Oрганизатори на 27 април

Читај повеќе

Прашањето е решено, конечно и неповратно: Грчкото МНР ја оценува како провокација изјавата на Мицкоски

Читај повеќе

Пленковиќ во Давос: Треба да се почнат разговори со Русија, Русите може да ги издржат санкциите

Читај повеќе
  • play_arrow

Најактивниот вулкан во светот повторно еруптираше

Читај повеќе

Додека Давос го чека говорот на Трамп, европските индекси нееднакви, цените на златото и нафтата паѓаат

Читај повеќе

Пијан маж избол во вратот 22-годишна девојка: Обид за убиство во Крива Паланка

Читај повеќе