Netflix има за цел да ги врати корисниците што ги изгуби поради зголемувањето на претплатата.
Меѓу плановите на компанијата е и целосно бесплатен пакет кој има реклами, но интересно е што нема да биде достапен за секого.
Netflix ќе го понуди својот пакет без реклами на корисниците во Азија и Европа, и иако претходно пробуваа нешто слично, не продолжија со тие проекти.
Неодамна, Netflix воведе план поддржан од реклами наречен Standard with Ads, кој започна во јули 2023 година, што се совпадна со отстранувањето на најевтиниот план без реклами. Овој пакет наиде на многу негативни реакции.
Потполно бесплатен план, сепак, кој има реклами, може да биде решението што го бара компанијата.