Кој најчесто заболува од долг ковид?

И со зголемениот број на вакцинирани луѓе, некои проблеми останаа нерешени. Еден од нив е проблемите со долг ковид, кој погодува 1 од 5 луѓе кои закрепнуваат од COVID-19.

Долгиот ковид е загрижувачки феномен кој може да погоди пациенти кои прележале коронавирус со месеци претходно. Симптомите можат да бидат слични на оние кај COVID-19 и може да влијаат на целото тело.

Со појавата на делта сојот коронавирусот е позаразен, а експертите се загрижени дека тоа може да го зголеми бројот на случаи на долг ковид.

Според истражувањата, 5 до 10% од нехоспитализираните пациенти и приближно 80% од оние кои се хоспитализирани боледуваат од долг ковид.

Истражувањата покажаа кои групи луѓе се повеќе подложни на развој на долг ковид.

Најчестите пријавени симптоми на долг ковид се проблеми со дишењето, губење на осетот за мирис, болки во мускулите и умор, пишува Times of India.

1. Жени

Иако претходните истражувања покажаа дека жените имаат помал процент на смртност и развој на тешки симптоми поврзани со COVID-19, студиите покажаа дека е поголем бројот на жени кои прележале вирус и имале долг ковид.

2. Луѓе постари од 40 години

Со години, имунолошкиот систем почнува побавно да функционира и тоа го прави поизложен на бактерии и вируси. Тоа воедно е и причина зошто од долг ковид почесто се разболуваат луѓе постари од 40 години.

3. Генетски предиспозиции

Студијата покажа дека заболувањето од ковид е почесто меѓу Афроамериканците, што веројатно е резултат од поинакви генетски предиспозиции.

4. Имунокомпромитирани луѓе

Имунокомпромитираните луѓе полесно заболуваат од COVID-19, па со самото тоа и од долг ковид. Студијата покажа дека овие луѓе поради послабиот имунолошки одговор им е потребно многу подолго време да ја преболат болеста.

Тагови
реклама

Три уреди во домот што никогаш не треба да се исклучуваат од струја

Read more

Откриена најголемата змија што некогаш живеела на Земјата

Read more

Едно цвеќе е идеално за балконите кои повеќе се во сенка

Read more

Симптоми на висок крвен притисок кои се јавуваат за време на спиењето

Read more

Здравје

Домашни природни лекови против стомачни проблеми

Read more

Научници открија која храна го зголемува ризикот од рак

Read more

Кардиолог: Единственото нешто полошо од кафе е кафето со млеко

Read more

Куркума, бибер и ѓумбир - комбинација од зачини полна здравје

Read more
 

Магазин

3 најлоши постапки што можете да ги направите ако дознаете дека партнерот ве изневерил

Читај повеќе

Совет здравје вреден: Како да разликувате рециклиран убрус од направен од чиста целулоза?

Читај повеќе

Дали би платиле 2.000 евра за Лагото Ромањоло – куче кое наоѓа тартуфи?

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

„Село на духови“ кое стана популарна туристичка атракција

Читај повеќе

Што ако мастурбирaњето ви буди чувство на непријатност?

Читај повеќе

Зошто корпите за алишта имаат дупки?

Читај повеќе

Домашни природни лекови против стомачни проблеми

Читај повеќе

Полната Месечина во Скорпија на 24 април ќе направи хаос

Читај повеќе

Венеција почнува да наплаќа за влез – казни за оние кои ќе се прават „наудрени“

Читај повеќе