Која беше најлошата година во историјата на човештвото?

Се соочуваме со една од најголемите здравствени кризи во поновата историја, пандемија која однесе многу жртви и целосно го смени начинот на кој живееме и функционираме.

Често ќе слушнете или прочитате дека ова е најлошата година што се памети, но не е најлошата во историјата.

И покрај Првата и Втората светска војна и различните чуми како што се шпанскиот грип, СИДА-та и коронавирусот, научниците проценуваат дека најлошата година во историјата на човештвото била 536 година, затоа што тогаш вулканска ерупција предизвикала 18 месеци мрак на Земјата.

„Тоа беше почеток на најлошиот период за човештвото, ако не и најлошата година“, објаснува историчарот од Харвард Мајкл Мекормик, за списанието Science.

Таа година, мистериозна магла, за која денес се знае дека била резултат на вулканска ерупција, ги покрила Европа, Блискиот Исток и делови од Азија, проследени со 18 месеци мрак.

„Сонцето беше без сјај, светеше матно цела година, како Месечина“, забележал Прокопиј, византиски историчар од тоа време. Тоа лето, температурата варирала помеѓу 1,5 и 2,5 степени Целзиусови, со што започнал најстудениот период во последните 2.300 години.

Во Кина паѓало снег, пради што пропаднале посевите и земјоделските култури и луѓето гладувале. Во следните години, ситуацијата почнала да се влошува.

Во 541 година, во римското пристаниште во Египет се појавила чума, која започнала брзо да се шири.

Од чумата загинале меѓу една третина и една половина од населението на Источното римско царство, што, според Мекормик, го забрзало неговиот пад.

Чумата се проширила низ целиот Медитеран, Европа и Блискиот Исток.

Некои историчари сметаат дека оваа пандемија на чума е една од најлошите пандемии досега, па се вели дека убила околу 100 милиони луѓе, или половина од светското население во тоа време.

Историчарите веќе долго време шпекулираат за потеклото на маглата што се појавила во 536 година. Дури пред две години, со анализа на мразот од швајцарски глечер било утврдено дека вулканска ерупција се случила на Исланд таа година, а пепелта се раширила низ северната хемисфера.

Следеле уште две ерупции, во 540 и 547 година. После тоа дошла чумата што предизвикала економски колапс во Европа, кој траел до 640 година.

Тагови
реклама

Наука

Три популарни теории за тоа како почнал животот на Земјата

Read more

Откриена најголемата змија што некогаш живеела на Земјата

Read more

НАСА: Упс!

Read more

Најсилната соларна бура во историјата беше поголема отколку што мислевме

Read more
 

Гик

  • play_arrow

Откриено тајно brutality за Mortal Kombat 1

Читај повеќе

Poetry Camera ги претвора фотографиите во поезија

Читај повеќе

Три популарни теории за тоа како почнал животот на Земјата

Читај повеќе

Grindr во центарот на скандал: Споделувале ХИВ статус на корисниците

Читај повеќе

Сондата Voyager 1 се „разбуди“ - повторно испраќа податоци од вселената

Читај повеќе

Европа е под топлотен стрес - се загрева најбрзо од сите континенти

Читај повеќе

На повидок нов револуционерен начин на потрага по вонземен живот

Читај повеќе

Откриена најголемата змија што некогаш живеела на Земјата

Читај повеќе

Маж во Холандија имал ковид 613 дена: Пронајдени се над 50 мутации на вирусот

Читај повеќе