Младата поетеса испрати моќна порака

Која е девојката што го одушеви светот на инаугурацијата на Бајден?

Долгоочекуваниот ден на инаугурацијата на новиот американски претседател Џо Бајден донесе многу преседани: прва потпретседателка на САД во историјата, исто така прва потпретседателка со азиско-афроамериканско потекло, прва дама на САД која ќе си ја задржи работата (нешто што претходно не се случило), но и најмлада поетеса која некогаш рецитирала стихови на таков настан.

Станува збор за 22-годишната Аманда Горман која со нејзиното рецитирање влезе во историјата на САД. Поранешната врвна студентка по социологија на Харвард, добитничка на бројни академски признанија, награди за поезија, активистка, стана најмладата личност во историјата која изведе песна на инаугурацијата на американски претседател.

Таа рецитираше нејзини оригинални стихови и за многу кратко време од изведбата доби огромен број обожаватели.

Инспирација за пишувањето на стиховите пронашла во говорите на Абрахам Линколн и Мартин Лутер Кинг, но и во неодамнешните напади на Капитол.

„Во мојата песна всушност не преминувам преку тоа што го видовме во изминатите недели, ќе се осмелам да кажам и во изминатите неколку години. Но, тоа што навистина сакам да го постигнам со оваа песна е со свои зборови да создадам визија дека оваа земја сè уште може да се обедини и да се излекува“, изјави таа за New York Times.

Remote video URL

Во слободен превод на македонски јазик вака би звучеле дел од стиховите на песната „Ридот што го искачуваме“, со која го одушеви светот:

„Некако преживеавме и бевме сведоци

на народот кој не е скршен,

туку едноставно нецелосен.

Ние сме наследници на земја и време

во кое една слаба црна девојка,

со потекло од робови и израсната од самохрана мајка,

може да сонува да стане претседател,

 а потоа да се најде себеси како рецитира за еден од нив“.

Горман е најмладата поетеса на инаугурација во САД досега и сега е дел од групата поети повикани да помогнат во одбележувањето на инаугурацијата на претседателите. Меѓу тие поети се Роберт Фрост, Маја Ангелоу, Милер Вилијамс, Ричард Бланко и Елизабет Александар.

Сепак, никој од нејзините претходници досега не се соочил со предизвикот поставен пред неа. Таа беше повикана да напише поема која би донела надеж и единство во САД, во моменти кога земјата се соочува со смртоносна пандемија, политичко насилство и поделби.

„Во мојата поема нема да ја свртам главата од тоа што го видовме во изминатите неколку недели. Ако смеам да кажам, и во последните неколку години. Тоа што имам намера да го направам со поемата е да пронајдам зборови со кои ќе го назначам патот по кој нашата земја може да се издигне и да закрепне“, изјави младата поетеса пред инаугурацијата.

реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Силјановска Давкова за убедливото водство: Напати се срамам, зарем е можно толку многу луѓе вака да реагираат

Read more

Храна што го намалува ризикот од дијабетес, рак и деменција

Read more

Три уреди во домот што никогаш не треба да се исклучуваат од струја

Read more

Живот

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Милано размислува да забрани продажба на сладолед по полноќ

Read more

Три знаци кои ги откриваат нарцисоидните мајки

Read more

5 лекции што најуспешните деца ги учат од родителите

Read more
 

Магазин

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Читај повеќе

5 знаци кои покажуваат дека не јадете доволно

Читај повеќе

Милано размислува да забрани продажба на сладолед по полноќ

Читај повеќе

Дали можете да ги најдете сите 12 животни во оваа илустрација?

Читај повеќе

Храна што го намалува ризикот од дијабетес, рак и деменција

Читај повеќе

Три знаци кои ги откриваат нарцисоидните мајки

Читај повеќе

Личен тренер откри колку протеини дневно треба да внесуваме за успешно слабеење

Читај повеќе

Лекарка предупредува на 4 симптоми на смртоносен рак што не смее да се игнорираат

Читај повеќе

5 лекции што најуспешните деца ги учат од родителите

Читај повеќе