Здравје
Не е чипс, ниту чоколада

Која храна ги ублажува менструалните болки?

19. ноември 2019 - 14:41 | М.С.

Надуеност, гасови, малаксаност, чувствителност на дојките, грчеви во стомакот се само дел од промените во телото со кои жените се соочуваат секој месец.

На тие симптоми влијае и начинот на исхрана, а постои храна која може да ги олесни ментруалните болки. Нутриционистката Кристин Ставридис, за британското списание Glamour, откри што треба да јадете за време на менструацијата за да се чувствувате подобро.

  „За време на менструалниот циклус телото губи крв, па затоа ви е потребна храна која е богата со железо. Веганите и вегетаријанците за време на менструацијата треба да внесуваат суплементи богати со железо“.

  „Исто така, жените треба да го зголемат и внесот на витамин Ц кој ја олеснува апсорпцијата на железото во телото“, советува нутриционистката.

Некои од намирниците кои се богати со железо и витамин Ц се: црвено месо, спанаќ, лиснат зеленчук, печурки, млеко, црвена и зелена пиперка, ананас, јагоди, брокула, карфиол, манго.

Менструалните тегоби ги ослеснуваат и лесните вежби како што е јогата, додека во првите денови од менструацијата се препорачува да не практикувате интензивен тренинг. 

Коментирај