Која храна да ја одбегнувате според крвната група ако сакате да слабеете?

А.С.
/ 09.03.2023 / 10:10

Има многу поборници на принципот на исхрана според крвните групи.

Откриваме кои групи на храна се погодни, а кои треба да ги одбегнувате доколку го следите принципот на исхрана според крвните групи.

Д-р Роберт Шмерлинг, уредник на магазинот Harvard Health одлучил, поради големиот интерес на неговите пациенти, да даде одредени препораки, кога станува збор за исхраната и исхраната по крвни групи. Еве како да дознаете која храна е идеална за вашата крвна група.

Во далечната 1996 година, Питер Дадамо, доктор по невропатска медицина, опиша како луѓето би можеле да живеат поздрав живот и да постигнат идеална телесна тежина доколку јадат според нивната крвна група. Изборот на храна, па дури и зачини и вежби треба да се одредува според крвната група, се вели во неговата книга која брзо стана хит.

Еве неколку препораки од оваа книга за тоа како треба да изгледа исхраната по крвни групи.

Крвна група 0: Треба да изберете храна богата со протеини и да јадете многу месо, зеленчук, риба, но да го ограничите внесот на мешунки. За слабеење треба да јадете црвено месо, спанаќ, алги, маслиново масло и брокула, а одбегнувајте бело брашно и млечни производи.

Крвна група А: Овошје, зеленчук, тофу, морска храна, мисирка треба да бидат вашиот избор, но месото да се избегнува. За да слабеете, јадете морска храна, ананас, маслиново масло и соја. Треба да се одбегнуваат млечни производи, пченица, грашок, грав и пченка.

Крвна група Б: Треба да се избере месо, овошје, млеко, риба и житарки. И за да ја направите вашата диета поуспешна, јадете зелен зеленчук, јајца, црн дроб, но треба да избегнувате пилешко, пченка, кикирики и пченица.

Крвна група АБ: Јадете млечни производи, јагнешко месо, риба, житарки, овошје и зеленчук, а за слабеење изберете тофу, алги, зелен зеленчук. Избегнувајте пилешко, пченка, грашок и грав.

Според крвната група не се одредува само исхраната, туку и бројни навики, па затоа крвната група 0 треба да прави вежби со висок интензитет и да зема суплементи за чувствителниот дигестивен систем, додека групата А треба да оди на помалку интензивни тренинзи и да вклучи медитација како дел од рутината.

Теоријата зад ваквиот начин на исхрана е дека крвната група е тесно поврзана со способноста за варење одредени намирници, а со тоа помага во одржување на саканата тежина, нивото на енергија, но може да спречи и болести и кардиоваскуларни проблеми.

реклама

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Зошто Александар Македонски не го нападнал Рим туку одел само на исток?

Read more

Најнеобичните цвеќиња што може да се видат на Земјата

Read more

Фит

Три причини зошто вежбањето со тегови е клучно за слабеење

Read more

Редоследот по кој ја јадете храната може да ви помогне да не се здебелите

Read more

Промени во исхраната со кои ќе ослабете до лето

Read more

Најдоброто време од денот за вежбање: Го намалува ризикот од рана смрт за 61%

Read more
 

Магазин

Колку често мажите треба да ејакулираат за да го одржат своето здравје?

Читај повеќе

Рецепт на денот: Ароматично пилешко со зеленчук и рузмарин

Читај повеќе

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Читај повеќе
  • play_arrow

Најнеобичните цвеќиња што може да се видат на Земјата

Читај повеќе

Три причини зошто вежбањето со тегови е клучно за слабеење

Читај повеќе

Психолог предупредува на 6 збора што може да ја уништат врската

Читај повеќе

Натпреварувачка во „Милионер“ запна на прашање за Адам и Ева

Читај повеќе

Се разбудивте уморни? Овие намирници ќе ве наполнат со енергија

Читај повеќе

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Читај повеќе