Која храна е подобра замрзната отколку свежа?

Ако внимавате на исхраната, големи се шансите да избегнувате замрзната храна бидејќи верувате дека со замрзнувањето ја губи својата хранлива вредност. Сепак, резултатите од истражувањето за свежа и замрзната храна може да ве изненадат.

Замрзнатата храна може да биде многу богата со хранливи материи, но општо е познато дека природната и свежата храна генерално се поздрави и многу попривлечни за јадење. Нутритивната вредност зависи од неколку различни фактори, а замрзнатата храна понекогаш е подобра опција. Еве неколку совети како да го направите вашиот избор што е можно пологичен.

Доколку купувате свежа храна, како овошје и зеленчук, во супермаркетите, треба да знаете дека овие овошја често се берат пред да созреат и дека имаат долг пат до полиците, особено кога станува збор за егзотичното овошје.

Во овој случај, можете да бидете сигурни дека тоа веќе не е „свежо“ овошје и зеленчук и дека таквата храна има многу мала хранлива вредност.

За време на патување и стоењето неколку недели на полиците, ваквата „свежа“ храна може да изгуби и до 50 проценти од својата хранлива вредност.

Штом се оберат незрелите плодови овошје и зеленчук, тие брзо почнуваат да ги губат хранливите материи и антиоксиданси.

Дали знаевте, на пример, дека спанаќот губи 100 отсто од својот витамин Ц откако ќе стои на собна температура една недела? Доколку тоа време го мине во фрижидер изгубил до 75 отсто, а во замрзнувачот само 30 отсто од овој важен антиоксиданс. Значи, свежото не е секогаш подобро.

Кога станува збор за купување на свежо овошје и зеленчук, најдобро е да имате сопствена градина или да купите домашно овошје и зеленчук, кои многу брзо ќе стасаат на вашата маса по берењето или вадењето од земја.

И не заборавајте да јадете секогаш свежо во текот на сезоната. Во спротивно, изберете замрзнато.

Овошјето и зеленчукот избрани за замрзнување се собираат на врвот на зрелоста и обично се изложени на процесот на замрзнување во рок од два часа.

Сето тоа со цел да се зачува максималната хранлива вредност. Овој процес се нарекува процес на брзо замрзнување.

Иако е точно дека некои хранливи материи, како што се витамините, ослабуваат и губат при замрзнувањето, повеќето од нив се сепак добро сочувани и остануваат „заклучени“ во замрзнатото овошје.

Истражувањата покажаа дека замрзнатиот зеленчук и овошје се поздрав избор од оној кој поминал долг пат со авион, брод или камион, а кој извесно време стои во магацин или на полиците на продавниците.

Исто така, замрзнатото овошје и зеленчук се подобар избор доколку ги купувате вон сезона. Студиите зборуваат во прилог на замрзнатата брокула, па дури и боровинките.

Студијата која ги споредувала свежата и замрзнатата храна открила повисоки нивоа на витамин Ц и бета-каротен во замрзнатата брокула.

Истото важи и за замрзнатите боровинки, каде што ќе најдете многу повеќе полифеноли и антоцијани од оние што старееле пред да стигнат до вашата трпеза.

Студијата од 2013 година спроведена на Универзитетот во Џорџија покажа дека свежото и замрзнатото овошје и зеленчук имаат приближно иста хранлива вредност првиот ден по купувањето.

Но, по пет дена во фрижидер, свежото овошје и зеленчук имаат помалку витамини Ц и А и пониски нивоа на фолати од замрзнатите.

реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Димитриевски до Пендаровски: Разликата е огромна, откажете се од оваа битка и оставете нè да победиме во вториот круг

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Силјановска Давкова за убедливото водство: Напати се срамам, зарем е можно толку многу луѓе вака да реагираат

Read more

Живот

Заврши ретрограден Меркур: Детален хороскоп за сите знаци, 2 ќе бидат најсреќни

Read more

Гостите секогаш ги забележуваат: 6 ситници кои би можеле да ве посрамотат

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more
 

Магазин

  • play_arrow

Рецепт на денот: Ќофтиња со кашкавал и зеленчук

Читај повеќе

Како да го намалите нивото на кортизол во телото ако постојано сте под стрес?

Читај повеќе

Заврши ретрограден Меркур: Детален хороскоп за сите знаци, 2 ќе бидат најсреќни

Читај повеќе

Гостите секогаш ги забележуваат: 6 ситници кои би можеле да ве посрамотат

Читај повеќе

Која храна содржи најмногу пластика?

Читај повеќе

Стевчо собра повеќе потписи од гласови – поразот главна тема на социјалните мрежи

Читај повеќе

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Читај повеќе
  • play_arrow

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Читај повеќе

Каде грешиме со појадокот и поради тоа имаме проблеми со надуеност?

Читај повеќе