Колкава афера се крие зад отпуштањето на уредникот на Bild обвинет за недолично однесување кон колешки?

Германскиот медиумски гигант Axel Springer соопшти дека го отпуштил Џулијан Рајхелт, главен и одговорен уредник на Bild, еден од неговите најпродавани таблоиди, откако New York Times објави обвинувања од негови колешки за наводно недолично однесување.

Рајхелт беше на привремен одмор претходно оваа година, откако призна дека имал љубовни афери со вработени во компанијата, но внатрешната истрага не откри злоупотреба на моќта.

Во соопштението на Axel Springer стои дека компанијата, по најновите медиумски извештаи, „доби нови сознанија“ за однесувањето на Рајхелт. „Раководството откри дека Џулијан Рајхелт, дури и по завршувањето на истрагата спроведена оваа пролет, јасно не го оддели приватниот од професионалниот живот“ и дека не ја зборува вистината.

Рајхелт се нема јавно изјаснето

Извршниот директор на Axel Springer, Матијас Допфнер, ги пофали достигнувањата на Рајхелт во новинарството, но тврди дека е невозможно да го задржат.

Еден ден претходно, New York Times објави колумна со детали за аферите на Рајхелт. Се наведуваат детали за неговата врска со помлада вработена, која за време на истрагата на компанијата сведочеше, меѓу другото, дека Рајхелт ја поканил во хотел во близина на канцеларијата за секс.

Германската издавачка група Ippen се подготвуваше да објави истражен напис за злоупотреба на моќта во Axel Springer, но статијата беше повлечена од печатeње со образложение дека Ippen не сака да создаде впечаток дека се обидува да нанесе финансиска штета на еден на неговите конкуренти.

Во писмото што го прими Reuters, истражувачкиот тим на Ippen, чие истражување се осврна на наводите за малтретирање на жени во Axel Springer, особено од Рајхелт, го изрази својот шок што нивниот напис, кој требаше да биде објавен во неделата, не е објавен.

Во своето писмо до водачот на таа издавачка група, четворица новинари од Ippen тврдат дека претставници на Axel Springer го контактирале Ippen.

Ippen негира дека одлуката за повлекување на текстот е донесена под влијание на Axel Springer, а групата објави дека Axel Springer е посветена на транспарентност, не се противи на критичкото известување во принцип и дека компанијата нема информации дека некој внатре се обидел да го запре објавувањето на написот.

реклама

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Read more

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Read more

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Read more

Се степале вработени во болница во Карпош

Read more

Бизнис

Дарко Лукиќ од 1 јули е новиот извршен директор на Групацијата Нелт

Read more

Синоним за престиж – Шпаркасе Банка ја претстави новата дебитна картичка Visa Platinum

Read more

Странските компании загубија 107 милијарди долари со повлекувањето од Русија

Read more

Раст на Волстрит по три дена пад

Read more
 

Вести

  • play_arrow

Огромна дупка во Рим проголта два автомобила

Читај повеќе

Госпоѓиците од Авињон на сцената на Националната опера и балет

Читај повеќе

ВМРО-ДПМНЕ: Растот на платите со кои се фали Битиќи е лага, платите се стопија со порастот на трошоците на живот

Читај повеќе

Села оди во коалиција со Ахмети

Читај повеќе

Македонија треба да ѝ врати 2,2 милиона евра на Европската комисија - биле злоупотребени преку Еразмус+

Читај повеќе

Хоспитализирана 71-годишна скопјанка, jа нападнале две лица

Читај повеќе
  • play_arrow

Апасиев: НАТО не носи демократија, НАТО е кршач на меѓународното право и Повелбата на Обединетите нации

Читај повеќе

Во Франција за Велигден ќе биде распоредена полиција пред секоја црква

Читај повеќе

Расправија за паркинг во Аеродром прераснала во голема тепачка

Читај повеќе