Колку долго сте во ризик од компликации по прележана корона?

Научниците утврдија колку долго откако ќе прележите корона постои опасност од згрутчување на крвта и други здравствени компликации.

COVID-19 го зголемува ризикот од згрутчување на крвта до шест месеци по добивањето на болеста, според студијата објавена во British medical Journal- BMJ.

Шведска студија покажува зголемен ризик од длабока венска тромбоза (згрутчување на крвта во ногата) до три месеци по инфекцијата со COVID-19, белодробна емболија (згрутчување на крвта во белите дробови) до половина година и крварење (како вид на мозочен удар) до два месеци по добивањето на болеста.

Овој ризик е поголем кај пациенти со други болести и кај оние со тешка форма на COVID-19. Тоа беше позабележително за време на првиот бран на пандемијата отколку вториот и третиот бран, според студијата.

Веќе беше познато дека COVID-19 го зголемува ризикот од тешки згрутчувања на крвта (позната како венска тромбоза), но имаше помалку информации за тоа колку долго трае тој зголемен ризик и дали варира во различни бранови на епидемијата.

За време на студијата, истражувачите идентификуваа повеќе од милион луѓе во Шведска кои биле заразени помеѓу 1 февруари 2020 и 25 мај 2021 година, по возраст, пол и место на живеење, и ги споредиле со повеќе од четири милиони луѓе кои не биле позитивни на коронавирус.

Според истражувачите, зголемениот ризик за време на првиот бран на инфекција во споредба со двата што следеа може да се објасни со подобрени терапии подоцна или покриеност со вакцинација кај постарите пациенти.

Тие сметаат дека овие резултати го оправдуваат преземањето мерки за спречување на случаи на тромбоза, како што е употребата на лекови кои го спречуваат формирањето на згрутчување во крвните садови, особено кај пациентите со висок ризик.

Се посочува важноста на вакцинацијата противCOVID-19, пренесува BBC. Постои ризик од згрутчување по вакцинацијата, но тој е далеку помал, претходно утврди голема британска студија.

реклама

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Вештачка интелигенција управуваше борбен авион против човечки пилот

Read more

Најнеобичните цвеќиња што може да се видат на Земјата

Read more

Здравје

Рани симптоми на дијабетес кои не смееме да ги игнорираме

Read more

Дали сончањето за време на бременоста може да биде опасно за бебето?

Read more

Како реагира мозокот на еден час поминат во природа?

Read more

Што се случува во телото ако го одложувате мокрењето?

Read more
 

Магазин

Рецепт на денот: Ароматично пилешко со зеленчук и рузмарин

Читај повеќе

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Читај повеќе
  • play_arrow

Најнеобичните цвеќиња што може да се видат на Земјата

Читај повеќе

Три причини зошто вежбањето со тегови е клучно за слабеење

Читај повеќе

Психолог предупредува на 6 збора што може да ја уништат врската

Читај повеќе

Натпреварувачка во „Милионер“ запна на прашање за Адам и Ева

Читај повеќе

Се разбудивте уморни? Овие намирници ќе ве наполнат со енергија

Читај повеќе

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Читај повеќе

Дали сексот во врска навистина е подобар?

Читај повеќе