Колку долго траат автомобилските гуми?

Кога зборуваме за автомобили и нивоа на потрошувачка, има само еден точен одговор - зависи. Овој одговор може подеднакво да се примени и на трајноста на пневматиците, односно гумите.

Колку километри возилото ќе помине со еден резервоар гориво, плин или со едно полнење на батеријата, може релативно точно да се предвиди, но да се предвиди колку ќе помине еден комплет гуми на автомобилот е многу посложено.

Ова е сосема логично. Иако лабораториските симулации можат да дадат резултати до одреден степен, реалната дневна експлоатација е нешто сосема друго и може да ги поништи сите лабораториски предвидувања.

Европска статистика

Во пракса, европската статистика покажува дека просечната километража со еден комплет гуми е помеѓу 25 и 50.000 километри за возачи кои имаат нормален (умерен) стил на возење, но може да достигне 75.000 километри за возачи со исклучително лесен стил на возење.

На тој начин може да падне на само 10.000 за возачите кои го извлекуваат максимумот и од автомобилот, и од гумите. Ова значи дека иако пневматиците се дизајнирани да покриваат 40-50.000 километри, вистинското абење може да биде изненадување.

Пет елементи кои не може да се предвидат

Има најмалку пет елементи кои влијаат на километражата што ќе ја издржат гумите. Пред сè - типот на автомобил и моќноста и вртежниот момент на моторот со кои располага, како и моќта на системот за сопирање може да биде одлучувачки.

Исто така, одржувањето и состојбата на возилото влијаат на абењето на гумите. Редовно одржуваните се понежни кон сите четири гуми.

Тежината на возилото исто така игра значајна улога во абењето на гумите, како и фактот колку често и колку долго се вози возилото натоварено. Не можете да ги игнорирате патиштата по кои возите - автопатот помалку ги аби гумите во споредба со градските улици или патиштата со многу кривини.

Постои и елемент од типот на површината на патот - абразивна или помалку абразивна.

Дали големината на гумата влијае на издржливоста?

Во дилемата за долговечноста на гумите, не може да се заборави кој тип на гума се користи со оглед на нивните конструктивни разлики - туристички, спортски, зимски, all season...

Спортската гума секако не е наменета за возило кое обично се вози со максимална оптовареност.

Конечно, големината на гумите влијае на нивното абење- на идентични автомобили, гуми со различна големина и различен дизајн може да го достигнат крајот на својот животен век по многу различен број на поминати километри.

Целта е 50.000 километри

Јасно е дека четири нови гуми на градски автомобил во перспектива имаат поголема километража од четири гуми на автомобил со спортски карактеристики, или во секој случај на потежок автомобил.

Спортските гуми за автомобили имаат поголема контактна површина за подобар контакт со подлогата, но токму затоа имаат поголемо триење, што побрзо ги аби.

Мора да се има предвид дека пневматикот кој е дизајниран да помине 50.000 километри со градски автомобил, а со умерено возење, може да има војно пократок век со возење кое вклучува „потпишување“ при секое поаѓање.

Навиките прават разлика

Списокот на навики кои прават разлика во животниот век на гумите е долг, од неправилен воздушен притисок што доведува до побрзо и нерамномерно абење, до агресивно возење кое е далеку од идеално за векот на гумите, кое брзо ќе доведе од фабричка длабочина на шарите од 8 мм до законскиот минимум од 1,6 мм.

Гумите може да се поштедат и во секојдневни ситуации како паркирање, со избегнување на вртење на воланот кога возилото е во мирување, бидејќи тоа создава најголемо триење помеѓу гумата и подлогата.

На крајот, останува фактот дека на гумите им е најдобро на долги патеки и еднакви брзини на автопат, кои се најблиску до лабораториски услови. Планинските патишта, кривините, постојаните забрзувања и забавувања сигурно нема да го продолжат животниот век на автомобилските гуми, а особено градските услови за возење се полоши за гумите, со типични постојани промени во насоката и брзината на возилото.

реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Силјановска Давкова за убедливото водство: Напати се срамам, зарем е можно толку многу луѓе вака да реагираат

Read more

Храна што го намалува ризикот од дијабетес, рак и деменција

Read more

Три уреди во домот што никогаш не треба да се исклучуваат од струја

Read more

Авто новости

Tesla го претстави обновениот Model 3 Performance со 517 КС

Read more

Забрзување кон иднината: Македонска премиера на новиот Porsche Taycan

Read more

Xiaomi со амбициозна цел: 100.000 испорачани SU7 во 2024 година

Read more

Не е грешка: Dacia Duster носи ознаки на Renault

Read more
 

Автомобили

  • filter

Tesla го претстави обновениот Model 3 Performance со 517 КС

Читај повеќе
  • filter

Забрзување кон иднината: Македонска премиера на новиот Porsche Taycan

Читај повеќе

Xiaomi со амбициозна цел: 100.000 испорачани SU7 во 2024 година

Читај повеќе
  • filter

Не е грешка: Dacia Duster носи ознаки на Renault

Читај повеќе
  • filter

Defender Octa: Тенк на терен, ракета на пат

Читај повеќе

Новиот хиперавтомобил на MG забрзува до стотка за 1,9 секунди

Читај повеќе
  • filter

Врвна прецизност и динамика: претставен новиот Cayenne GTS

Читај повеќе

Дали амонијакот може да биде алтернатива на фосилните горива?

Читај повеќе

Богати до небо: Колку заработува автомобилската индустрија?

Читај повеќе