ПРЕМИЕР ЛИГА 2020/21

Колку е веројатно Џерард да го замени Клоп?

Очајната форма на Ливерпул и црната серија почна да подгрева шпекулации, а најинтересната е дека легендата Стивен Џерард ќе се врати на „Енфилд“.

Еден ден Стиви Џи ќе го води Ливерпул. Тоа на сите им е јасно како ден. Човекот кој ја почна кариерата во младинскиот тим и потоа за сениорскиот настапуваше од 1998 до 2015 година сега е успешен тренер предводејќи го шкотски Ренџерс.

„Црвените“ под водство на Клоп триумфираа во Лигата на шампионите, а лани ја прекинаа клетвата и конечно ја освоија Премиер лигата. Но, Ливерпул е во голема криза која синоќа веројатно го допре дното кога дома загуби од слабиот Фулам.

Тимот на Јирген Клоп е во серија од 8 натпревари без победа на домашен терен од кој 6 порази и тоа во низа. За одбрана на титулата веќе одамна никој не зборува, а сега прашањето е дали тимот ќе успее да се пласира во Лигата на шампионите наредната сезона.

„Мислам дека шансите за Стивен да седне на клупата на Ливерпул во блиска иднина се нула“, вели поранешниот претседател на Ренџерс, Дејв Кинг.

„Ќе наведам две причини за тоа. Прво, Ливерпул како клуб никогаш лесно не се откажувал од своите тренери. Клоп заврши фантастична работа таму. Имаат тешка сезона, но тој сепак е врвен тренер и мислам дека ќе остане и наредната сезона и ќе продолжи да биде успешен“.

„Второ, Стивен не е тип на личност која раскинува договор. Стивен го продолжи својот договор со Ренџерс и тоа потполно свесен дека од него се бара освојување на титулата и потоа нејзина одбрана. Пласман во Лигата на шампионите е друг успех кој се бара. Мислам дека Стивен нема да се задоволи само со титула, знам дека сака потоа да ја брани и знам дека сака да дојде и до Лигата на шампионите“

На 6 кола до крајот во шкотската лига, Џерард веќе му ја донесе титулата на Ренџерс, прва по 9 години. Последен пат клубот беше шампион во сезоната 2010/11.

реклама

Зошто треба да ставите алуминиумска фолија зад рутерот?

Read more

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Read more

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Read more

Со едноставен водоводџиски трик ослободете се од смрдеата од одводот

Read more

Фудбал

Андов прв пат селектираше, на списокот 23 фудбалерки за претстојните квалификации

Read more

Ачерби: Ме напаѓаа како да сум убил некого

Read more

Како ќе изгледа албумот за ЕУРО 2024 на Topps?

Read more

Калафјори: Татко ми го презира Јувентус, а јас го почитувам татко ми

Read more
 

Спорт

Андов прв пат селектираше, на списокот 23 фудбалерки за претстојните квалификации

Читај повеќе

Ачерби: Ме напаѓаа како да сум убил некого

Читај повеќе
  • play_arrow

Како ќе изгледа албумот за ЕУРО 2024 на Topps?

Читај повеќе

Калафјори: Татко ми го презира Јувентус, а јас го почитувам татко ми

Читај повеќе

Герасимовски: Конечно, Работнички се враќа на шампионските патеки

Читај повеќе
  • play_arrow

Тонали е вистински зависник: Се обложувал и во Англија, намерно добил жолт картон

Читај повеќе
  • play_arrow

Лидерот Бостон падна во Атланта, го средија Мареј и Богдановиќ

Читај повеќе
  • play_arrow

Димитров го растури Алкарас во Мајами

Читај повеќе

Ливерпул се откажа од Алонсо, Клоп ќе го наследи Рубен Аморим

Читај повеќе