Колку ќе ја чини НАСА испраќањето на првата жена на Месечината?

НАСА вчера го објави документот Lunar Exploration Program Overview во кој ги објасни фазите и трошоците за програмата Artemis.

САД сакаат до 2024 година на Месечината да испратат уште еден маж астронаут и првата жена астронаут, а се планираат и други мисии. Мисијата во 2024 ќе биде првата мисија со човечки екипаж на Месечината по 1972 година.

Лунарната програма Artemis ќе чини 28 милијарди долари заклучно со фискалната 2025 година, вклучувајќи ги оние 7,6 милијарди долари за огромните ракети Space Launch System со кои ќе управува Boeing, како и капсулите Lockheed Martin Orion во кои ќе патува екипажот до Месечината.

URL

16,2 милијарди долари ќе бидат потрошени за развој, тестирање и лансирање на нови лендери за на Месечината од кои ќе зависи слетувањето на астронаутите на месечевата површина, што зазема најголем дел од буџетот за првата фаза на Artemis.

Оваа фаза опфаќа три лета до Месечината: еден беспилотен тест-лет на бустерот SLS и на капсулата Orion кон крајот на следната година, па 10-дневен лет околу Месечината во 2023 година со човечки екипаж и слетување на Јужниот Пол на Месечината во 2023 година, со човечки екипаж. Во буџетот се вклучени и трошоците за развој на нови скафандри за астронаутите.

Remote video URL

НАСА веќе избра три компании кои ќе развијат и изработат вселенски летала со кои во наредниве години астронаутите ќе слетаат на Месечината во рамки на програмата Artemis.

Избрани се компаниите Blue Origin на Џеф Безос, SpaceX на Елон Маск и американската Dynetics која е во сопственост на Leidos, чиј извршен директор е Роџер Крон.

Вкупната вредност на договорите на трите компании, што ќе бидат склучени на период од 10 години, изнесува 967 милиони долари.

Конгресот на САД, што ги очекува претседателските избори на 3 ноември, сега треба да го одобри планот за праќање астронаути на Месечината, што пак, сегашниот претседател Доналд Трамп го постави како врвен приоритет.

Од друга страна пак, шефот на НАСА, Џим Брајденстин потсети на „политичките ризици“ од можна смена на шефот на државата. Според тамошните медиуми, на пример, Џорџ Буш потроши милијарди на подготовки за астронаутска мисија на Марс, а неговиот наследник Барак Обама ги откажа сите тие активности.

URL

– Сепак, сѐ уште сме „на патот“ кон слетување на Месечината во 2024 година… Одиме на Јужниот Пол (на Месечината). Нема дискусии за ништо друго освен за тоа, вели Брајденстин.

Според Брајденстин, човештвото го очекува нешто ново, сосем поинакво од што било што научниците направиле досега.

URL
реклама

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Израел го нападна Иран, пристигна првото видео

Read more

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Read more

Вести

Вештачка интелигенција управуваше борбен авион против човечки пилот

Read more

Побрз, подобар, попаметен - запознајте го Atlas, новиот хуманоиден робот

Read more

Последен поздрав од Марс

Read more

Зошто Сан Марино никогаш не се обединило со Италија?

Read more
 

Гик

  • play_arrow

Вештачка интелигенција управуваше борбен авион против човечки пилот

Читај повеќе

Дали Стив Џобс е заслужен за создавањето на TikTok?

Читај повеќе
  • play_arrow

Побрз, подобар, попаметен - запознајте го Atlas, новиот хуманоиден робот

Читај повеќе

Зошто треба да исклучувате Wi-Fi навечер?

Читај повеќе

Последен поздрав од Марс

Читај повеќе
  • filter

Зошто Сан Марино никогаш не се обединило со Италија?

Читај повеќе

Зошто Александар Македонски не го нападнал Рим туку одел само на исток?

Читај повеќе
  • filter

Boring Phone е антисмартфон создаден во соработка помеѓу Heineken и Bodega

Читај повеќе
  • filter

Фосили од огромен морски рептил пронајдени во Англија

Читај повеќе