Колку кинеските производители треба да ги намалат цените за да бидат конкурентни во Европа?

Најновата студија потврди дека кинеските производители на автомобили треба значително да ги намалат цените на своите автомобили за да привлечат купувачи во Европа. Цената е клучен магнет за купувачите.

Во последните 5 години на европскиот пазар почнаа да се појавуваат сѐ повеќе автомобили од кинески производители.

Веќе почнавме да се навикнуваме на нови имиња на Стариот континент, како Chery, Geely, BYD, XPeng, Dongfeng, Leapmotor, Lynk & Co итн. Повеќето од нив произведуваат електрични и хибридни автомобили по пониски цени од европските ривали од сличен калибар, но нивните цени во Кина се драстично пониски.

И покрај тоа, цените на кинеските автомобили во Европа сѐ уште се превисоки за да привлечат голем број купувачи, а знаеме дека цената е клучен магнет. Најновата студија на американската консултантска фирма Escalent покажува дека кинеските производители треба да ги намалат цените на своите автомобили за околу 30% за да привлечат повеќе европски купувачи.

Студијата опфати 1.600 клиенти од Германија, Франција, Италија, Шпанија и Обединетото Кралство. Според студијата, пад на цената од 10% би привлекол само еден од десет Европејци. Исто така, 31% од анкетираните сакаат намалување на цената меѓу 11% и 20% за да размислат за кинески автомобил.

Истата студија покажува и дека Европејците немаат голема доверба во автомобилите произведени во Кина, што е уште еден фактор зошто кинеските автомобили привлекуваат малку европски купувачи. Клиентите сè уште имаат поголема доверба во автомобилите произведени во Европа, Јапонија, Јужна Кореја и САД. Сепак, колку што кинеските автомобили напредуваат и се адаптираат, прашање е колку долго ќе трае овој редослед.

Тагови
реклама

Изгласана недоверба на делегатите на УСС УКИМ

Read more

Митева: Во Скопје само 2 објекта од вкупно 13 имаат важечка лиценца за кабаре

Read more

Членките на НАТО кои граничат со Русија се повлекуваат од забраната за противпешадиски мини

Read more

Земјотрес во тенисот – Ѓоковиќ и колегите поднесоа тужба

Read more

Авто новости

Tesla како Којотот: Aвтопилотот измамен од ѕид со слика од пат

Read more

BYD има нова технологија за полнење електрични автомобили

Read more

Познато колкав ќе биде досегот на електричниот кросовер YU7 на Xiaomi

Read more

Како најекономично да возите по автопат?

Read more
 

Автомобили

  • play_arrow

Tesla како Којотот: Aвтопилотот измамен од ѕид со слика од пат

Читај повеќе

BYD има нова технологија за полнење електрични автомобили

Читај повеќе

Познато колкав ќе биде досегот на електричниот кросовер YU7 на Xiaomi

Читај повеќе

Како најекономично да возите по автопат?

Читај повеќе

Дали поголемите возила се побезбедни?

Читај повеќе
  • filter

Откриена иднината на Porsche во Скопје – незаборавна ноќ со новиот Macan

Читај повеќе

Новата Škoda е СУВ со седум седишта

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Контроверзниот електричен Jaguar мамеше погледи низ улиците на Париз

Читај повеќе

Дали R8 ќе биде најмоќното и најбрзото Audi во историјата?

Читај повеќе