Колку милиони тони тежи микропластиката што ги загадува океаните?

Националниот центар за океанографија на Велика Британија (NOC) спроведе истражување во кое собра примероци од горниот слој од 200 метри во средината на Атлантскиот Океан.

Резултатите од истражувањето се објавени во специјализираното научно списание Nature Communications.

Доктор Кација Паборцава од NOC, која беше водач на истражувањето, изјави дека преку мерењата на масата на малите пластични честички во горните 5% од океанот, таа со нејзините колеги процениле дека „количината на пластичен отпад во Атлантскиот Океан“ е „многу поголема“ од она што се сметаше досега.

„Претходно, не можевме да ја балансираме количината на пластика најдена во океанот со количината што сметавме дека завршува таму“, рече таа.

„Тоа беше така бидејќи не ги меревме најмалите честички“.

URL

Само во Атлантскиот Океан пловат 12 до 21 милиони тони ситни честички пластика, открија научниците. Количина од 21 милион тони микропластика е доволно да се наполнат 1.000 товарни бродови.

На експедицијата од Велика Британија до Фокландските Острови, Паборцава и нејзините колеги откриле дека има до 7.000 честички микропластика во еден кубен метар морска вода.

Тие ги анализирале примероците за трите најчесто користени полимери кои исто така и најчесто се фрлаат: полиетилен, полипропилен и полистирен, кои често се користат како амбалажа за пакување.

Тимот се надева дека овие откритија ќе помогнат во напорите да се измери еколошката штета предизвикана од пластичните честички, со тоа што ќе овозможат поконкретно мерење на насобраната микропластика во зафрлените делови на океанот.

Remote video URL

Професор Џејми Вудворд, експерт за загадување со пластика од Универзитетот на Манчестер, за BBC изјави дека овие откритија ги потврдуваат претходните студии дека количината на микропластика во океаните е многу поголема отколку што претходно се проценуваше.

„Географскиот размер на истражувањето е импресивен“, рече тој.

Некои еколошки групи предупредуваат дека од почетокот на пандемијата, медицинските маски и ракавици сочинуваат сѐ поголем дел од пластичниот отпад.

„Наоѓаме повеќе маски за еднократна употреба отколку најлонски кеси“, рече Сузана Бликли од хуманитарната организација Morecambe Bay Partnership од Камбрија, која ги координира акциите за чистење на плажите во Велика Британија.

„Она што го бараме од луѓето е да ја намалат употребата на пластика за една употреба и да ја фрлаат/селектираат соодветно“.

Remote video URL
реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Read more

Димитриевски до Пендаровски: Разликата е огромна, откажете се од оваа битка и оставете нè да победиме во вториот круг

Read more

Заврши ретрограден Меркур: Детален хороскоп за сите знаци, 2 ќе бидат најсреќни

Read more

Наука

Дали треба да ги бараме вонземјаните на виолетови планети?

Read more

Три популарни теории за тоа како почнал животот на Земјата

Read more

Откриена најголемата змија што некогаш живеела на Земјата

Read more

НАСА: Упс!

Read more
 

Гик

  • play_arrow

По 14 години потсмев, Apple конечно реши да ја направи апликацијата која сите ја бараа

Читај повеќе

Win-win-win за рециклирањето во Холандија

Читај повеќе

Бајден потпиша: Крај на TikTok во САД!?

Читај повеќе

Илон Маск му се намерачи на YouTube

Читај повеќе

Новото ажурирање Windows 11 „кине нерви“: Како да го решите?

Читај повеќе

Threads надмина 150 милиони активни месечни корисници

Читај повеќе

Дали треба да ги бараме вонземјаните на виолетови планети?

Читај повеќе
  • play_arrow

Откриено тајно brutality за Mortal Kombat 1

Читај повеќе

Poetry Camera ги претвора фотографиите во поезија

Читај повеќе