Колку се разликува баварскиот од германскиот јазик?
Баварскиот е само дијалект на стандардниот германски јазик, но има свои финеси кои го прават различен, на граница на друг јазик.
Баварскиот дијалект спаѓа во групата на јужногермански дијалекти и се зборува во југоисточниот дел од регионот Баварија, скоро во цела соседна Австрија, во дел од швајцарскиот кантон Граубинден, како и во регионот Јужен Тирол во Италија.
Бидејќи стандардниот германски се базира најмногу на централногерманските дијалекти, за говорителите на германскиот јазик, особено странците, баварскиот претставува прилично тешка пречка.