Спортистите полека се вселуваат во „селото“ во француската престолнина. Сместувањето не е баш идеално, односно според вкусот на мнозинството навикнати на луксуз, но и тоа е дел од магијата на Олимписките игри.

Австралиските тенисерки веќе пристигнаа во Париз и веднаш решија да ја проверат издржливоста на креветите кои уште претходно ги нарекоа „антисекс“.
Инаку, креветите се направени од рециклиран картон и прв пат беа видени на Олимписките игри во Токио. Наречени е антисекс кревети бидејќи се вели дека се премногу слаби за да поддржат каков било вид на интимен однос.
Затоа две австралиски тенисерки решија да ги тестираат креветите.
А дека секакви работи се случуваат во „селото“ одамна потврди и пингпонгарот Метју Сјед, кој призна дека на Олимписките игри во Барселона во 1992 година „за две и пол недели имал повеќе интимни односи отколку во целиот свој живот“.
За Олимписките игри во Париз беа направени 18.000 кревети со должина од 2,1 метар и носивост до 200 килограми. Секој кревет има 3 перници. Интересно е и тоа што натпреварувачите во посебна апликација може да избираат перници според нивната телесна тежина.
Меѓународниот олимписки комитет уште во Токио вети дека ќе се обиде да ја потисне блискоста меѓу спортистите за време на нивниот одмор, па реши да им го „огорчи“ животот со картонски кревети, кои се поставени и во Париз.
Инаку, австралиските тенисерки Дариа Севил и Елен Перес тестот за издржливост го објавија на социјалните мрежи.