Колку шуми природно се обновиле во изминативе 20 години?

Шумски области со големина на Франција се обновиле природно ширум целиот свет во последните 20 години, покажа најновото истражување.

Регенерацијата на шумите вклучува природен начин за обновување на вегетацијата преку мала или никаква интервенција, а како што пренесува BBC, таквото обновување е често поевтино и резултира со раст на шуми што се поповолни за биолошката разновидност од оние што се активно засадени.

Еколошките групи тврдат дека природно обновените шуми успеваат да го „апсорбираат“ еквивалентот на 5,9 гигатони јаглерод диоксид, повеќе од годишните емисии во САД.

Тим експерти, предводени од Светската организација за заштита (WWF), користеа сателитски податоци за да создадат мапа на природно обновени шуми.

URL

Вилијам Болдвин-Кантело од Светската организација за заштита (WWF) смета дека Велика Британија треба да воведе поефикасни домашни закони што ќе овозможат реализација на потенцијалот на шумите како климатско решение и да спречат увоз на храна во европските земји што резултира со уништување на шумите во странство.

Тој додава дека природното пошумување не треба да се зема здраво за готово.

„Со цел да се избегнат опасните климатски промени и да се разбере потенцијалот на природните шуми во спречувањето на овие промени, ние мора да спречиме нивно понатамошно уништување на шумите и да се вклучиме во нивно обновување.

Сечата на шумите продолжува да одзема милиони хектари земја и шуми секоја година, значително повеќе отколку што успева да се регенерира“, рече Болдвин-Кантело.

Студијата посочува дека причина за надеж дава бразилската Атлантска шума, која природно се обнови од 2000 година и се прошири до големина приближна на површината на Холандија.

И во тајгата на северна Монголија, 1,2 милиони хектари шуми се обновија во последните 20 години, додека други слични обновени области вклучуваат централна Африка и крајбрежните шуми на Канада.

Но, научниците предупредуваат дека шумите ширум светот продолжуваат да се соочуваат со големи опасности.

Студијата наведува дека, и покрај „охрабрувачките знаци“ забележани во шумите долж бразилскиот брег, уништувањето на шумите е сè уште толку присутно што пошумените области мора да се зголемат повеќе од двојно за да се достигне минималниот праг на зачувување.

Лансирањето на проектот е заеднички напор на WWF, BirdLife International и WCS, кои покануваат други експерти да придонесат и да помогнат во проценката и рафинирањето на нивната мапа, која е во фаза на истражување.

Еден од наједноставните начини да се „отстрани“ јаглерод диоксидот од воздухот е садење дрвја. Но, научниците веруваат дека ако навистина сакаме ефикасно да ги намалиме емисиите на стакленички гасови, „треба да ги засадиме вистинските дрвја на вистинските места“.

реклама

Зошто треба да ставите алуминиумска фолија зад рутерот?

Read more

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Read more

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Read more

Со едноставен водоводџиски трик ослободете се од смрдеата од одводот

Read more

Живот

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Read more

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Read more

Најскапите намирници во светот: Треба да потрошите вистинско богатство за нив

Read more

5 причини зошто треба да го ограничите времето што децата го поминуваат пред екрани

Read more
 

Магазин

  • filter

Четири одлични совети: Слабеењето може да биде успешно и без одење во теретана

Читај повеќе

В недела почнува летното сметање на времето: Како поместувањето на стрелките влијае на нашето тело?

Читај повеќе

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Читај повеќе

Историски заблуди

Читај повеќе

5 совети како да го разгорите повторно вашиот сексуален живот

Читај повеќе

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Читај повеќе
  • filter

Најскапите намирници во светот: Треба да потрошите вистинско богатство за нив

Читај повеќе

Рецепт на денот: Јагнешки бут зачинет на грчки начин

Читај повеќе

Зошто никогаш не треба да го резервирате седиштето 11А во авион?

Читај повеќе