Колку тешко ќе биде да се најдат поротници за судењето за убиството на Џорџ Флојд?

Судењето на поранешниот полицаец во Минеаполис Дерек Шовен за смртта на Џорџ Флојд почна денеска во Минеаполис со комплексен процес на избор на порота.

Судијата одвои само три недели за избор на поротници, знаејќи за потенцијалните потешкотии во наоѓањето на непристрасни жители на Минеаполис во случајот што ја подели државата и чија жртва Џорџ Флојд стана меѓународен симбол на борбата за расна правда.

Судот минатата година испрати прашалник на 16 страници до потенцијалните поротници, испитувајќи го нивното знаење за смртта на Флојд на 25 мај минатата година, по насилното апсење пред продавница.

Прашалникот содржи прашања од типот „Дали ги видовте снимките од неговата смрт?“, „Дали учествувавте во протестите што следуваа?“ или „Што мислите за движењето Black Lives Matter?“.

Смртта на Флојд беше снимена на мобилен телефон од случаен минувач, а на снимката се гледа како Шовен го притиска Флојд со колено на вратот скоро девет минути, додека 46-годишниот Афроамериканец вели дека не може да дише.

Снимката се рашири на интернет за неколку часа и доведе до еден од најмасовните протести во американската историја.

Адвокатите на Шовен се очекува да го оспорат изборот на поротници кои го поддржуваат антиинституционалното расистичко движење во американскиот правосуден систем.

Одбраната на Шовен смее 15 пати да го отфрли изборот на кој било поротник без да даде причина, а обвинителите може да го сторат тоа девет пати. Ако која било од страните се сомнева дека член на поротата е разрешен врз основа на раса, етничка припадност или пол, тие можат да побараат од судијата да се произнесе поинаку.

Дел од судските експерти се загрижени дека нема да има Афроамериканци меѓу конечните 12 поротници и четири заменети и дека ова може да ја наруши довербата на јавноста во идната пресуда. Околу една петтина од жителите на Минеаполис се Афроамериканци.

„Потребна ни е порота кое претставува спектар на ставови и мислења и демографија на нашата заедница“, рече Валери Ханс, професор по право на универзитетот Корнел.

„Треба да бидат вклучени и луѓе кои можеби биле на протест и имаат различни ставови за поврзани прашања.“

На Шовен му се заканува затворска казна од 40 години, а од страв од протести ќе му се суди во добро заштитена судница. Неговите адвокати тврдат дека при апсењето на Флојд тој ги користел методите што ги научил на обука во рамки на полициската служба.

Флојд беше уапсен под сомнение дека користел фалсификувана банкнота од 20 долари. Аутопсијата покажа дека неговата смрт е делумно предизвикана од полицијата, но и дека непосредно пред трагедијата употребил опијат фентанил, поради што адвокатите на Шовен ќе тврдат дека смртта е последица на предозирање.

реклама

Три уреди во домот што никогаш не треба да се исклучуваат од струја

Read more

Научници открија која храна го зголемува ризикот од рак

Read more

Полната Месечина во Скорпија на 24 април ќе направи хаос

Read more

Посипете маслиново масло врз ловоров лист и ќе се изненадите колку е моќен

Read more

Свет

Северот на Европа е под силен руски притисок, истокот крвари, а една земја плаќа висока цена

Read more

Моќната сестра на Ким Џонг Ун: Ќе изградиме супериорна воена сила

Read more

Наркобос сакал да ја убие холандската принцеза, побегна поради грешка на шпанскиот суд

Read more

Мелони ќе дозволи „поддржувачите на мајчинството“ да ги одвраќаат жените од абортус во клиниките

Read more
 

Вести

Одзивот до 15 часот е 35,89 отсто, најмалку гласале во Центар Жупа

Читај повеќе

ЕУ ќе му даде на Западен Балкан помош од две милијарди евра до 2027 година

Читај повеќе
  • play_arrow

Одзивот до 13 часот е 26,35 отсто – најмногу гласале во Новаци, а најмалку во Врапчиште

Читај повеќе

ОЈО Делчево истражува обид за изборен поткуп со бесплатно вградување водомери

Читај повеќе

Приведен охриѓанец кој го фотографирал гласачкото ливче

Читај повеќе

Северот на Европа е под силен руски притисок, истокот крвари, а една земја плаќа висока цена

Читај повеќе

Штипјанец и скопјанка ги фотографирале гласачките ливчиња, димна бомба на гласачко место во Скопје

Читај повеќе

Скокнаа цените на нафтата, остар пад на доларот

Читај повеќе

На 12,78 отсто се искачи одзивот до 11 часот, најголем во Демир Капија 23,99 отсто

Читај повеќе