Колку треба да вежбаме во зависност од возраста?

А.С.
/ 01.02.2023 / 14:10

Седечкиот начин на живот е еден од најголемите проблеми денес. Вежбањето е превенција од многу проблеми и болести предизвикани од седењето. Во зависност од вашата возраст, само неколку минути вежбање дневно може да има огромни придобивки.

Светската здравствена организација (СЗО) истакнува дека секој четврти возрасен не вежба доволно, додека четири од пет адолесценти не вежбаат доволно. Ако ова се промени, би можеле да се избегнат пет милиони смртни случаи годишно во светот.

„Редовната физичка активност е клучна за спречување и контролирање на срцеви заболувања, дијабетес тип 2 и рак, како и намалување на симптомите на депресија и анксиозност, намалување на когнитивното оштетување, подобрување на меморијата и подобрување на здравјето на мозокот“, велат од СЗО.

Подолу ви ги претставуваме упатствата на Светската здравствена организација за тоа колку и каков вид на вежбање ни треба дневно во зависност од возраста.

Деца под една година

За малите деца најважни се менталните вежби и активностите како што се зборувањето, оние кои го поттикнуваат когнитивниот развој и игрите на отворено. Треба да се поминува околу 30 минути на ден во вакви активности.

Деца од една до две години

СЗО препорачува минимум три часа дневно за физички вежби со секаков интензитет.

Деца од три до четири години

Најмалку 60 минути треба да се посветат на активности со висок интензитет, а останатите 120 минути на нешто порелаксирано.

Деца од пет до 17 години

СЗО смета дека се неопходни околу 60 минути аеробни вежби со умерен или висок интензитет. На оваа возраст корисни се и вежбите за зајакнување на коските.

Возрасни од 18 до 64 години

СЗО препорачува 150 до 300 минути умерена аеробна физичка активност неделно за возрасни. Доколку е интензивно вежбање, од 75 до 150 минути. Што се однесува до вежбите кои вклучуваат сила, тие треба да се практикуваат најмалку два или три дена во неделата.

Постари од 65 години

Според Светската здравствена организација, во трето доба треба да ги следите упатствата за возрасни, но да ги приспособите на вашата физичка состојба. Тие исто така велат дека има потреба да се фокусираме на подобрување на стабилноста и силата. Тие препорачуваат вежбање три или повеќе дена во неделата.

реклама

Фит

Личен тренер откри колку протеини дневно треба да внесуваме за успешно слабеење

Read more

„Убијци“ на тестостеронот кои мажите треба да ги одбегнуваат

Read more

Три причини зошто вежбањето со тегови е клучно за слабеење

Read more

Редоследот по кој ја јадете храната може да ви помогне да не се здебелите

Read more
 

Магазин

Личен тренер откри колку протеини дневно треба да внесуваме за успешно слабеење

Читај повеќе

Лекарка предупредува на 4 симптоми на смртоносен рак што не смее да се игнорираат

Читај повеќе

5 лекции што најуспешните деца ги учат од родителите

Читај повеќе

Посипете маслиново масло врз ловоров лист и ќе се изненадите колку е моќен

Читај повеќе

Граѓаните на ЕУ повеќе претпочитаат печатени отколку електронски книги

Читај повеќе

3 најлоши постапки што можете да ги направите ако дознаете дека партнерот ве изневерил

Читај повеќе

Совет здравје вреден: Како да разликувате рециклиран убрус од направен од чиста целулоза?

Читај повеќе

Дали би платиле 2.000 евра за Лагото Ромањоло – куче кое наоѓа тартуфи?

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

„Село на духови“ кое стана популарна туристичка атракција

Читај повеќе