Колку време му треба на човек за да излезе од форма?

Ф.З.
/ 26.07.2021 / 09:27

Да се ​​постигне добра форма не е лесна задача. Сепак, по толку напорна работа, колку долго траат ефектите од напорното тренерање? Само малку време е доволно за човек значително да излезе од форма.

За да разбереме како телото станува „неспособно“, треба да разбереме што значи да се биде во форма. Терминот кондиција значи дека телото работи повеќе отколку на што е навикнато. Овој притисок нè принудува да се прилагодиме и да станеме потолерантни на товарот, што доведува до повисоко ниво на подготвеност.

Некои истражувања покажаа дека само шест сесии на тренинзи во интервал можат да доведат до зголемување на максималниот внес на кислород (V̇O2 max). Кога станува збор за тренинг за сила, може да забележите напредок за само две недели, но ќе видите промени во големината на мускулите помеѓу 8 и 12 недели.

Кардиоваскуларен тренинг

Да претпоставиме дека целосно сте го прекинале тренирањето. Кардиореспираторниот капацитет ќе се намали за околу 12% во првите четири недели. Оваа стапка на пад потоа продолжува и за осум недели целосно ќе се вратите на нивото на кое сте биле пред да почнете да тренирате.

Намалувањето на максималниот внес на кислород е резултат на намалување на волуменот на крвта и плазмата. Ова се должи на недостаток на оптоварување на срцето и мускулите.

Tренинг за сила

Просечна личност која престанала да тренира значително ќе ја изгуби способноста да крева тежина за 12 недели. Бројот на мускулни влакна се намалува за 13% во рок од две недели.

Сите наведени проценти се слични и кај жените и кај мажите. Дури и луѓето кои спортувале многу години ќе доживеат слични промени. Како и да е, колку повеќе сте биле во форма, толку побавно ќе излезете од форма.

Тагови
реклама

Фит

5 знаци кои покажуваат дека не јадете доволно

Read more

Личен тренер откри колку протеини дневно треба да внесуваме за успешно слабеење

Read more

„Убијци“ на тестостеронот кои мажите треба да ги одбегнуваат

Read more

Три причини зошто вежбањето со тегови е клучно за слабеење

Read more
 

Магазин

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Читај повеќе

5 знаци кои покажуваат дека не јадете доволно

Читај повеќе

Милано размислува да забрани продажба на сладолед по полноќ

Читај повеќе

Дали можете да ги најдете сите 12 животни во оваа илустрација?

Читај повеќе

Храна што го намалува ризикот од дијабетес, рак и деменција

Читај повеќе

Три знаци кои ги откриваат нарцисоидните мајки

Читај повеќе

Личен тренер откри колку протеини дневно треба да внесуваме за успешно слабеење

Читај повеќе

Лекарка предупредува на 4 симптоми на смртоносен рак што не смее да се игнорираат

Читај повеќе

5 лекции што најуспешните деца ги учат од родителите

Читај повеќе