Колку заработуваат инфлуенсерите од само една објава на Instagram?

Познатите личности кои промовираат широк спектар на брендови и производи не се непознати за светот, а познато е дека многу од нив наплаќаат многу пари за тоа.

Instagram страницата Wealth објави кој е на врвот на листата, а некои бараат и до 3 милиони долари за само една објава на Instagram.

Имено, во објавата на Wealth се наведени некои од најголемите ѕвезди на денешницата, кои се и меѓу најследените на Instagram и се истакнува колку чини само една објава на нивниот профил.

На „дното“ е Џастин Бибер кој има 295 милиони следбеници, а една објава на неговиот профил чини 1,7 милиони долари. Клои Кардашијан, една од „помалку познатите“ сестри Кардашијан, наплаќа 1,8 милиони долари за една објава - исто како и Бијонсе, која има 312 милиони следбеници на Instagram.

Тука е и Ким Кардашијан со 357 милиони следбеници и цена од 2,1 милиони долари по објава, но и Аријана Гранде - 2,26 милиони долари, Двејн Џонсон The Rock - 2,32 милиони долари, Кајли Џенер - 2,38 милиони долари и Селена Гомес која бара 2,55 милиони долари по објава.

На самиот врв се фудбалските суперѕвезди Лео Меси и Кристијано Роналдо, кои наплаќаат 2,59 милиони долари и 3,23 милиони долари за една објава на Instagram.

Колку чинат платените објави на Instagram?

Врз основа на анкетите на инфлуенсерите на Instagram, Shopify наведува дека просечната спонзорирана објава на Instagram чини околу 1.300 долари.

Проценетите износи се поделени на следниов начин:

  • Наноинфлуенсери (500-10.000 следбеници): 10 до 100 долари по објава
  • Микроинфлуенсери (10.000-50.000 следбеници): 100 до 500 долари по објава
  • Инфлуенсери од средно ниво (50.000-100.000 следбеници) 500 до 5.000 долари по објава
  • Макроинфлуенсери (100.000–500.000 следбеници): 5.000 до 10.000 долари по објава
  • Мегаинфлуенсери (500.000+ следбеници): 10.000 долари па нагоре по објава

На социјалните платформи, неодамнешните истражувачки податоци покажуваат дека микроинфлуенсерите оние на средно ниво во последните години се сè побарани, додека бројот на мегаинфлуенсери се намалил во последните години.

реклама

Најубавото девојче во светот денес има 24 години и сподели голема вест

Read more

„Непристоен предлог“ за земјите кои сакаат нивните бродови да поминат низ Ормутскиот Теснец

Read more

Колку минути треба да пешачите дневно за да слабеете после 40-тата година?

Read more

Ручек за 20 минути: Паста со пилешко во бел сос

Read more

Интернет

YouTube повторно го тестира трпението на корисниците

Read more

Илон Маск ги менува правилата на играта: Интернетот каков што го знаеме заминува во историјата

Read more

Интернетот во 2026: Google недопирлив, ChatGPT ја „изеде“ конкуренцијата

Read more

Хакер го користел четботот Claude за напад врз повеќе владини агенции во Мексико

Read more
 

Гик

Зошто не можеме да ги чуеме вонземјаните? 

Читај повеќе

Sony ги налути гејмерите: Што е со цените?

Читај повеќе

Бил Гејтс доби дозвола за револуционерен нуклеарен реактор

Читај повеќе

Суперкомпјутер разби голема заблуда за Сонцето: Не се однесува како што верувавме со децении

Читај повеќе

Nvidia речиси целосно го контролира пазарот на графички картички

Читај повеќе

Apple револуција: iPhone веќе никогаш нема да биде ист

Читај повеќе

YouTube повторно го тестира трпението на корисниците

Читај повеќе

Соларен панел кој работи дури и кога врне: Секоја капка произведува струја

Читај повеќе

Лоши вести за гејмерите: Sony ја менува стратегијата за PC

Читај повеќе