клучна улога одиграа „нарко-подморниците“

Колумбијците запленија рекордни 225 тони кокаин

За време на операцијата Orion, Колумбија во соработка со 62 земји заплени рекордни 225 тони кокаин, соопшти колумбиската морнарица. Оваа акција е светски рекорд во борбата против трговијата со дрога.

Според соопштението на морнарицата, нарко картелите загубиле повеќе од осум милијарди долари поради оваа заплена.

Во опсежната акција која траеше 45 дена учествуваа безбедносните агенции на Соединетите Американски Држави, Бразил, Шпанија, Холандија и други земји, како и бројни меѓународни организации. Авиони, хеликоптери и фрегати биле користени за откривање илегални пратки на нова шверцерска рута од Јужна Америка до Австралија.

„Тоа е веројатно најголемата заплена на кокаин во историјата. Честитки за нашата морнарица“, изјави колумбискиот претседател Густаво Петро на социјалните мрежи.

Во акцијата беа уапсени повеќе од 400 лица.

Колумбиската полиција најголем дел од запленетата дрога пронашла во вкупно шест таканаречени „нарко-подморници“ кои шверцувале кокаин во Австралија. Повеќето од овие пловни објекти, долги меѓу 10 и 25 метри, пловат ниско во водата, што ги прави едвај видливи. Нивните палуби можат да соберат до 10 тони кокаин, објави The Guardian.

„Тоа е нова рута. Еден од пловилата е пронајден среде никаде, на речиси 4.800 километри од брегот на Колумбија, на пат кон Австралија и Нов Зеланд“, изјави командантот на единицата за борба против наркотици на Колумбиската морнарица, Мануел Родригес.

Тој додаде дека овие пловни објекти се сè пософистицирани и можат да поминат до 16.000 километри без полнење гориво.

„Ова е значаен дел од глобалната трговија со кокаин. Со спречување на оваа трговија спречивме илјадници смртни случаи од предозирање и спречивме 8,5 милијарди долари да стигнат до картелите, што значително ќе го загрози профитот на овие криминални организации“, додаде Родригес.

Побарувачката за кокаин во Австралија продолжува да расте, а високите цени ги мотивираат картелите да иновираат за да изнесат што е можно поголем дел од нивниот производ на глобалниот пазар, заклучува морнарицата.

Тагови
реклама

Јокиќ го постигна најлудиот кош во кариерата и направи подвиг на кој се чекаше од 1963

Read more

Чоколадните шишарки ќе ја збогатат празничната трпеза

Read more

Џеј Ло секси издание во кујна

Read more

Артан Груби и судијата Енвер Беџети нови лица на црната листа на САД

Read more

Свет

Песков: Путин лично му даде азил на Асад

Read more

Кадиров: Трамп не поставува услови, одлучувачкиот потег за решавање на конфликтот во Украина е на Путин

Read more

Асад е во Москва, доби азил

Read more

Турците знаеја сè: Како ѕвездите се усогласија за бунтовниците да го соборат Асад?

Read more
 

Вести

Артан Груби и судијата Енвер Беџети нови лица на црната листа на САД

Читај повеќе

18-годишник прегазен во Штип: Возачот избегал, но полицијата го пронашла

Читај повеќе

Песков: Путин лично му даде азил на Асад

Читај повеќе

Кадиров: Трамп не поставува услови, одлучувачкиот потег за решавање на конфликтот во Украина е на Путин

Читај повеќе

Асад е во Москва, доби азил

Читај повеќе

Влада: Раст на БДП од 3% во третиот квартал, Македонија на врвот меѓу земјите од регионот и Европа

Читај повеќе

Разбојник напаѓал жени и девојчиња во Аеродром и Центар, им одземал чанти, ранци, паричници, накит и телефони

Читај повеќе

СДСМ: Новогодишната кошничка е нова измама од ВМРО-ДПМНЕ, зејтинот поскапе 7 денари, кашкавалот е речиси 500 ден за кг

Читај повеќе

Турците знаеја сè: Како ѕвездите се усогласија за бунтовниците да го соборат Асад?

Читај повеќе