Комисијата за заразни болести во Грција предлага задолжително носење маска во затворен простор 

Атина, 15 јули 2020 (МИА) – Одново да се воведе задолжителното носење маска во затворен простор, предложила Комисијата за заразни болести од Министерството за здравство на Грција, по зголемениот број позитивни случаи во земјата и појавите на опуштеност кај граѓаните, објавија грчките медиуми.

Според грчката телевизија „ЕРТ“,  епидемиолозите предложиле обврската за носење маска да се однесува на продавници, супермаркети и сл.

Препораката на епидемиолозите е до Владата која ги носи конечните одлуки, а минатата седмица беше укината мерката за носење маска во моловите и трговските центри.

Професорот микробиолог и член на експертската комисија Алкивиадис Ватопулос за онлајн изданието на весникот „Етнос“ вели дека „иако основната мерка е држењето растојание, сепак маската е основна алатка за заштита“.

-Затоа, ставот на Комисијата, кој што е непроменет, е дека маската треба да се користи во затворени простори, но и во отворени доколку има гужва или предвидено е да има гужва, вели Ватопулос.

Професорот по здравствена политика на Факултетот за економија и политички науки од Лондон Илиас Мосиалос, кој воедно е и претставник на Грција за COVID-19 на меѓународната сцена, преку неговиот официјален Facebook профил се осврна на важноста на употребата на маска, коментирајќи дека користењето „не нè прави хипохондрици“, а како пример сподели истражување на американскиот центар за контрола и превенција на болести (CDC), според кое во фризерски салон, двајца стилисти од заразени со COVID-19 поминале најмалку 15 минути со секој од 139-те клиенти, а бидејќи сите носеле маски, никој не се заразил.

-Да внимаваме и да носиме маска во сите простори во кои имаме контакт со луѓе за кои не знаеме дали се заболени со COVID-19. Маската не значи дека преувеличуваме, ниту нè прави хипохондрици. Маската нè штити нас и тие околу нас, напиша Мосиалос.

Во Грција, маската е задолжителна во јавниот превоз, авиони, бродови, траекти, возови, додека пак за затворените простори постои само препорака за носење.

реклама

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Read more

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

Што се случува во телото ако го одложувате мокрењето?

Read more

Регион

Се вештачат трагите од предметите пронајдени во автомобилот во кој била убиена малата Данка

Read more

Грциja парализирана од штрајкови

Read more

Вучиќ: За три до четири месеци ќе биде најлошата ситуација од 1945 година

Read more

Грција реагира за употребата на името Македонија во изборната кампања

Read more
 

Вести

Украле сеф од менувачница во Чаир и побегнале со возило без таблички

Читај повеќе

Маж ја нападнал поранешната сопруга на работното место, па ѝ се заканувал со нож

Читај повеќе

Националниот џез оркестар со „Џез лектира“ гостува во Велес

Читај повеќе

Новинарска фотографија на годината: Не сакаше да го пушти телото на девојчето

Читај повеќе

Џонсон: Балканот може да биде следната цел на Путин

Читај повеќе

Се вештачат трагите од предметите пронајдени во автомобилот во кој била убиена малата Данка

Читај повеќе

МОН: Во училиштата во кои ќе се одвива изборниот процес наставата ќе се реализира со скратени часови

Читај повеќе

Доживотен затвор за маж кој на свиреп начин уби жена во Кочани

Читај повеќе

Ќе го оставиме срцето на терен за интересот на Македонија, рече Мицкоски и најави позитивна кампања

Читај повеќе