Комуналците од Тетово излегоа на штрајк поради неисплатени плати

Работниците во Јавното комунално претпријатие „Тетово“ – работната единицата „Комунална хигиена“, излегоа на штрајк.

Вработените велат дека им доцнат три-четири плати кај некои работници, а со месеци немаат ниту здравствено осигурување.

Револтирани велат дека нема да го собираат сметот додека не им се исплатат платите.

По штрајкот, реакција стигна од Општина Тетово.

Оттаму велат дека се информирани за моменталната состојба во однос на општинските претпријатија. За справување со предизвиците и неуспехот на општинското претпријатие, како што се додава, одлучено е формирање две нови претпријатија, едно за водовод и канализација, и едно за менаџирање со отпадот.

„Општина Тетово веќе има потпишан договор со приватен оператор и овој договор, кој стапува во сила на 1 декември 2023 година, ќе резултира со префрлување на работниците од општинското претпријатие во новото претпријатие ОЕНЕУМ. Со оваа измена сите работници ќе земаат редовно плата, а Општина Тетово ја презеде обврската да обезбеди исплата на сите заостанати плати за овие вработени. Што се однесува до ЈП за водовод и канализација ‘Шари’, во фаза сме на трансформација на работниците од ЈКП – Тетово во ново претпријатие. Со ова ќе се решат проблемите со платите и на овие работници. По завршувањето на овој процес, Општина Тетово ќе подготви посебна стратегија за заложба и обезбедување плати за работниците што ќе останат во сегашното ЈКП“, велат од Општината.

На крајот велат дека се сомневаат оти денешната реакција, на денот кога се слави празникот на албанското знаме, можеби е политички мотивирана.

„Ги замолуваме сите вработени во ЈКП – Тетово да не потпаѓаат на каква било провокација од политички фактори и да се фокусираат на соработка за решавање на актуелните прашања“, велат од Општината.

Тагови
реклама

„Златна крвна група“ – ја имаат помалку од 50 луѓе во светот

Read more

4 намирници што го зајакнуваат имунитетот можат да го продолжат животот

Read more

Подгответе се за пролет: 5 парчиња што мора да ги имате во вашата гардероба

Read more

Излезе трејлер за филмот со жешката секс сцена на Елизабет Харли во режија на син ѝ

Read more

Македонија

Денеска без струја дел од Центар и Горно Нерези

Read more

Без вода делови од Општина Карпош

Read more

Времето претежно облачно со врнежи од дожд

Read more

ДНК: Собравме 80.000 евра за Лео, парите ги предадовме на тетка му

Read more
 

Вести

  • play_arrow

Дојава за бомба на белградскиот аеродром Никола Тесла

Читај повеќе

Денеска без струја дел од Центар и Горно Нерези

Читај повеќе

Без вода делови од Општина Карпош

Читај повеќе

Времето претежно облачно со врнежи од дожд

Читај повеќе

ДНК: Собравме 80.000 евра за Лео, парите ги предадовме на тетка му

Читај повеќе

Малолетник од Скопје се обидел да убие друг малолетник на паркинг во Чаир

Читај повеќе

Собранието го донесе Законот за спорт

Читај повеќе

Ердоган им нуди на Русија и Украина мировни преговори во Турција

Читај повеќе

„Клинци“ со „Култура Бета“ по вторпат во Europe House Skopje

Читај повеќе