Концерт на Филхармонија „Бетовен: Редефиниција“

Оркестарот на Филхармонија денеска со почеток во 20 часот ќе одржи концерт насловен „Бетовен: Редефиниција“. Како солист ќе настапи виолинистот Јонијан Илијас Кадеша, диригент ќе биде маестро Емил Табаков од Бугарија, а како дел од програмата се „Варијации на тема од Хајдн“, опус 56 од Јоханес Брамс и Концерт за виолина и оркестарот во Де-дур, опус 61 од Лудвиг ван Бетовен.

Маестро Емил Табаков е роден 1947 година во Бугарија. Табаков се смета за еден од најзначајните диригенти на овие простори. Има дипломирано на одделот за диригирање и одделот за композиција. Тој има освоено награда на натпреварот за млади диригенти „Николај Малко“ во Копенхаген. Има настапувано како гостин-диригент во Австралија, Австрија, Англија, Германија, Данска, Италија, Израел, Канада, Јапонија, Јужна Кореја, Романија, Русија, САД, Сингапур, Холандија и Шведска. Има диригирано на многу оперски спектакли во Венеција и во Торино, досега реализирал повеќе од 250 симфониски и оперски записи за голем број музички куќи.

Јонијан Илијас Кадеша има грчко-албански корени, а живее во Берлин. Неговата изведба се карактеризира со стилска посветеност и егзактна артикулација во интерпретацијата на дела од сите музички епохи. Кадеша секогаш трага по имагинацијата на звукот, постојано барајќи нови звучни хоризонти. Добитник е на повеќе интернационални награди меѓу кои и на натпреварите „Виндзор“ и на „Леополд Моцарт“. Кадеша веќе настапува на водечките светски сцени и на познати фестивали во Европа. Во август, 2020 година, по неколкумесечна коцертна пауза во германската престолнина, тој го отвори фестивалот на „Млади европски класици“ во Берлин.

Покрај концертот во Филхармонија, тој ќе го изведе и Концертот број 2 за виолина и оркестар од Шостаковиќ заедно со Државниот симфонски оркестар во Атина и со камерниот оркестар „Лондон Моцарт плејерс“. Кадеша е коосновач на триото „Гаспард“ со кое настапува во Европа и во САД, а свири на виолина изработена од Џовани Батиста Гуаданини од 1749 година.

Виолинскиот концерт во Де-дур опус 61 за виолина и оркестар од Лудвиг ван Бетовен премиерно бил изведен во Виена во 1806 година. Ова е единствениот виолински концерт на Бетовен и едно од неговите најлирски дела. Напишан е во еден од неговите најкреативни периоди, кога создал многу значајни дела. Му го нарачал виолинистот Франц Клеменет, кој сакал драматично дело за неговиот следен концерт. Бетовен го завршил за кратко време, непосредно пред концертот.

реклама

Со едноставен водоводџиски трик ослободете се од смрдеата од одводот

Read more

Трик со омекнувачот за облеката да мириса убаво и до седум дена

Read more

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Read more

Во која храна ги има трите минерали најважни за тироидната жлезда?

Read more

Култура

Коле Ангеловски: Театрите се распаѓаат, а ние финансираме фестивали во други држави

Read more

Ива Петреска ја промовира дебитантската стихозбирка „Песнило“

Read more
26 март 1901, роден е македонскиот сликар Лазар Личеноски

26 март 1901, роден е македонскиот сликар Лазар Личеноски

Read more

Одбележување на 79 години МНТ

Read more
 

Вести

Расправија за паркинг во Аеродром прераснала во голема тепачка

Читај повеќе

Се степале вработени во болница во Карпош

Читај повеќе

Дарко Лукиќ од 1 јули е новиот извршен директор на Групацијата Нелт

Читај повеќе

Ванковска: Преспанскиот и бугарскиот договор се колонизаторски договори

Читај повеќе

Тошковски: Приведен е и трет осомничен во врска со убиството на лекарот во Железара

Читај повеќе

Синоним за престиж – Шпаркасе Банка ја претстави новата дебитна картичка Visa Platinum

Читај повеќе

Странските компании загубија 107 милијарди долари со повлекувањето од Русија

Читај повеќе

Пет сценарија како Франција може да се вмеша во војната во Украина

Читај повеќе

Трет ден се трага по Данка, се проверуваат телефоните на родителите

Читај повеќе