Конечно стигна ажурирање на eFootball 2022: Дали грдите лица се отстранети?

Чекавме повеќе од пет месеци за ова ажурирање, сега да видиме што ќе донесе...

Конечно доаѓа долгоочекуваната верзија 1.0.0 на „eFootball 2022“ и тоа во бесплатно издание за сите играчи, а наскоро ќе стигне и ажурирањето за мобината верзија.

Ова официјално ажурирање се смета за прво редовно издание на поранешната PES игрица, откако во септември беше достапна „пробна“ верзија на играта.

Иако Konami планираше да им претстави нова игра на играчите ширум светот во најдобро издание - се случи спротивното и „eFootball 2022“ сè уште е една од најлошо оценетите игрици досега, не само меѓу спортските игрици.

Во обид да ги сврти работите, Konami го одложи планираното објавување на верзијата 1.0.0 додека програмерите не беа сигурни дека ова ажурирање е на ниво кое фановите ќе го сметаат за достојно за наследството што го носи играта.

Пет месеци откако беше првично планирано, верзијата 1.0.0 конечно пристигна, па вклучува голем број нови додатоци на и надвор од теренот.

Главниот додаток е режимот Dream Team, порано познат како Creative Team.

Ова е „eFootball“ издание на делот MyClub од игрицата „PES“ или Ultimate Team во „FIFA“ игриците и им овозможува на играчите да состават свој тим од играчи од различни клубови и потоа да ги користат за натпревари против други играчи онлајн и на исти или различни платформи. Првата сезона на режимот Dream Team започнува на 21 април и се нарекува Нов пристап кон играта, формирање тим и лиценци.

Што се однесува до самата игрица, т.е. во однос на гејмплејот, Konami вели дека однесувањето на играчите е подобрено, додека новата техника, како што ја нарекуваат зачудувачки удар, им овозможува на играчите да прават поефикасни додавања и удари.

Верзијата 1.0.0 на игрицата вклучува и нови лиценци од Јапонија и Северна Америка. Лигите Ј1 и Ј2 сега се лиценцирани, а игрицата доби и MLSPA лиценца. Ова значи дека клубовите од американската лига на игрицата и натаму ќе имаат генерички имиња на тимовите, но нивните состави ќе бидат составени од вистинските МЛС играчи.

Кога есента излезе „eFootball 2022“ беше предмет на масовен потсмев и негативни критики поради изгледот на лицата на играчите и бизарните ситуации. Да се потсетиме:

Тагови
реклама

Со едноставен водоводџиски трик ослободете се од смрдеата од одводот

Read more

Трик со омекнувачот за облеката да мириса убаво и до седум дена

Read more

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Read more

Во која храна ги има трите минерали најважни за тироидната жлезда?

Read more

Гејминг

Што донесе бесплатното ажурирање за Gran Turismo 7?

Read more

Гејминг симулаторот Pagani Huayra R изгледа импресивно

Read more

Гејмерите имаат можност бесплатно да ја пробаат Cyberpunk 2077

Read more

Не оди сѐ по планот: За GTA VI веројатно уште долго ќе чекаме

Read more
 

Гик

Астронаутите ќе однесат растенија на Месечината во 2026 година

Читај повеќе

Како да го изберете вистинскиот паметен телефон за вас?

Читај повеќе

Откријте го врвното искуство на гледање со FUEGO Electronics и новата серија 720GTV на Google TV

Читај повеќе

Телескопот Euclid се одмрзна и повторно ѕирка во темната вселена

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Што донесе бесплатното ажурирање за Gran Turismo 7?

Читај повеќе

Климатските промени ја забавија ротацијата на Земјата

Читај повеќе

Зошто треба да ставите алуминиумска фолија зад рутерот?

Читај повеќе
  • filter

Гејминг симулаторот Pagani Huayra R изгледа импресивно

Читај повеќе

Драмата продолжува: TikTok под истрага, ѝ се заканува тужба

Читај повеќе