Конор Мекгрегор се кандидира за претседател на Ирска

Познатиот ММА борач Конор Меккрегор одлучи да влезе во политиката, и јасно објави дека неговите амбиции се да стане претседател на Република Ирска.

Мекгрегор (36) пред четири дена го посети американскиот претседател Доналд Трамп, а очигледно неговиот разговор со првиот човек на најмоќната земја во светот го инспирирал и самиот да се вклучи во политиката на неговата земја.

Мекгрегор, кој се декларира како ултрадесничар, на социјалните мрежи објави дека планира да се кандидира за претседател само со една цел – сака целосно да им забрани на мигрантите да доаѓаат во Ирска.

Како што истакна, сака да ја „спаси Ирска“ од спроведување на документ со Европската унија кој се однесува на имигрантите.

Имено, Ирска мора целосно да го имплементира Пактот за мигранти на ЕУ до 12 јуни 2026 година, според кој секоја земја од Европската Унија подеднакво би им давала азил на имигрантите кои доаѓаат во Европа.

Следните претседателски избори во Ирска мора да се одржат најдоцна до 11 ноември оваа година, а Мекгрегор рече дека веднаш ќе распише референдум на кој граѓаните ќе се изјаснат дали се за прифаќање имигранти или не.

Потписот на претседателот на Ирска е последен во низата кога ќе треба да се имплементира одлуката за миграцискиот пакт на ЕУ, а Мекгрегор рече дека нема да го потпише како претседател доколку тоа не го сакаат граѓаните.

На Мекгрегор му претстои долг пат за да стане претседател на Ирска. За официјално да стане кандидат, тој ќе треба да биде номиниран од најмалку 20 од 234 членови на долниот и горниот дом на Парламентот, но тој е уверен дека тоа ќе се случи.

реклама

Останати спортови

Ново НХЛ финале, исти ривали: Ќе успеат ли Ојлерс да им се одмаздат на Пантерс?

Read more

Најдобриот шахист во светот „откачи“ по поразот од индискиот гениј Гукеш

Read more

Олимписката шампионка Иман Хелиф е биолошки маж

Read more

Боксерките ќе мора да се тестираат: Ако некоја има Y хромозом, ќе боксува со мажи

Read more
 

Спорт

ФИФА во очај: Ни Меси не помага за продажба на влезници

Читај повеќе

Пеп ќе си замине ако нема чистка во Сити

Читај повеќе

Модриќ одби да помине медицински прегледи за Милан

Читај повеќе

Гатузо на чекор да стане селектор на Италија

Читај повеќе
  • play_arrow

Неочекуван херој ѝ донесе победа за водство на Индијана

Читај повеќе
  • play_arrow

Иван Ракитиќ под истрага за мултимилионска измама, тврдат Шпанците

Читај повеќе

Бомба од „Чизмата“: Кевин Де Брујне потпишува за Наполи!

Читај повеќе

Бразил со Анчелоти сруши уште еден мундијалски рекорд

Читај повеќе

Финците и Полјаците престанаа со игра додека на трибините оживуваа навивач

Читај повеќе