УЕФА ЛИГА НА ШАМПИОНИ 2020/21

Конте: Црвениот нѐ исфрли од колосек

Интер е пред елиминација од Лигата на шампионите откако синоќа загуби дома од Реал Мадрид, а стратегот Антонио Конте смета дека црвениот картон му кумувал на конечниот резултат.

Кралскиот клуб со 2:0 славеше на „Џузепе Меаца“ откако поведе уште во 3. минута со гол од пенал. Потоа во 33. минута за сличен прекршок англискиот судија Ентони Тејлор не досуди пенал за Интер по што фаулираниот Артуро Видал протестираше и доби жолт картон, што само го изнервира Чилеанецот за неспортски да реагира на нанесената неправда и да биде исклучен.

„И онака е тешко да се игра против тим каков што е Реал Мадрид, а немавме ни среќа во двата натпревара. Кога веднаш ќе примите гол и потоа ќе останете со 10 играчи, само додатно се комплицираат работите. Нажалост, мислам дека ја видовме разликата помеѓу тие и нас. Како и да е, ова не смее да нѐ депримира. Екипите се на различни нивоа и треба да се подобриме во секој аспект. Тие ја освоија Лигата на шампиони неколку пати, додека ние тек сега се појавуваме во ова натпреварување. Мора да работиме за да ја намалиме разликата и да се вратиме помеѓу најдобрите“, изјави Конте.

Стартот над Видал за кој судијата оцени дека нема прекршок

Откако со исклучувањето на Видал Интер остана со играч помалку, во второто полувреме успеа и да ја подобри играта, но тоа не резултираше со гол во гостинската мрежа.

„Беше тешка битка. Примивме гол, што направи тешко да се вратиме во игра, а потоа Видал беше исклучен што тотално нѐ исфрли од колосек. И покрај сѐ, момците дадоа сѐ од себе против еден одличен противник. Тоа е тоа, но во секој случај одигравме многу подобро во првиот натпревар против нив, кога и бевме многу поагресивни“, заврши италијанскиот стратег.

Интер со 2 бода од 4 натпревари е закован на дното од табелата и само со теоретски шанси може да се пласира во осминафиналето. Две победи во последните две кола и два пораза на Борусија од Менхенгладбах, од кои едниот во директен дуел, би ја направиле математиката за Интер.

реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Димитриевски до Пендаровски: Разликата е огромна, откажете се од оваа битка и оставете нè да победиме во вториот круг

Read more

Силјановска Давкова за убедливото водство: Напати се срамам, зарем е можно толку многу луѓе вака да реагираат

Read more

Храна што го намалува ризикот од дијабетес, рак и деменција

Read more

Фудбал

Ел Класико се сели во САД

Read more

Новиот дрес на Милан нè враќа 100 години наназад

Read more

Што го убеди Чави сепак да остане во Барса?

Read more

Јирген Клоп: Извинете

Read more
 

Спорт

Ел Класико се сели во САД

Читај повеќе
  • filter

Новиот дрес на Милан нè враќа 100 години наназад

Читај повеќе

Што го убеди Чави сепак да остане во Барса?

Читај повеќе

Јирген Клоп: Извинете

Читај повеќе

Дали судот ќе одлучува за фантомскиот гол на Јамал?

Читај повеќе

Шпанскиот суд ја замрзна сметката на Пике

Читај повеќе
  • play_arrow

Арсенал ја продолжи борбата за тројната круна со најголемата победа против Челси во својата историја

Читај повеќе
  • play_arrow

Поранешен играч на Реал беше милионер, сега се занимава со необичен бизнис за да преживее

Читај повеќе

Гигантите од Евролигата се против влезот на Дубаи

Читај повеќе