Дисциплинската комисија го казни тренерот на Интер, Антонио Конте, поради црвениот картон што го доби во текот на натпреварот против Удинезе.
Конте е суспендиран бидејќи искажуваше незадоволство и изрекуваше навреди кон судијата Фабио Мареска, а тоа продолжи да го прави и откако доби црвен картон.
По натпреварот го почека судијата во тунелот и повторно го навредуваше и му се закануваше.
Дисциплинската комисија го суспендира Конте на два натпревара, а тренерот на Интер ќе мора да плати и парична казна од 20.000 евра.
Поради лошо однесување казнет е и неговиот помошник Габриеле Ориали и тоа парично, за 5.000 евра. Ориали му пријде на судијата на средина на теренот и го навредуваше.