Контроверзна одлука: Мбапе сепак останува во ПСЖ

Францускиот репрезентативец Килјан Мбапе го продолжи синоќа договорот со ПСЖ за уште три години и ќе остане на „Паркот на принцовите“ до 2025 година.

„Многу сум среќен што ја продолжувам оваа авантура и останувам во Франција и мојот град Париз. Отсекогаш велев дека Париз е мојот дом. Се надевам дека ќе продолжам да го работам тоа што најмногу сакам да го работам, а тоа е да играм фудбал и да освојувам трофеи“, изјави Мбапе пред натпреварот против Мец.

Мбапе потоа го крена клупскиот дрес на кој беше испишан бројот 2025, во присуство на претседателот на ПСЖ, Насер Ал Келаифи.

URL

Мбапе имаше договор со ПСЖ до 30 јуни, а се шпекулираше дека ќе мине во редовите на Реал Мадрид, кој една година се обидуваше да го реализира тој трансфер.

ПСЖ првично одби 180 милиони евра за колку што Мбапе дојде во парискиот клуб во 2017 година, а медиумите наведуваа дека и новата понуда од Мадрид во износ од 200 милиони евра не била доволна.

URL

Претседателот на шпанската професионална фудбалска лига Савие Тебиас го нарече продолжувањето на договорот меѓу Мбапе и ПСЖ „срамота за фудбалот“, додека шпанската лига најави дека ќе се жали до УЕФА, француските даночни власти и Европската Унија „поради непочитување на финансискиот ферплеј“.

URL
реклама

Фудбал

Дали судот ќе одлучува за фантомскиот гол на Јамал?

Read more

Шпанскиот суд ја замрзна сметката на Пике

Read more

Арсенал ја продолжи борбата за тројната круна со најголемата победа против Челси во својата историја

Read more

Поранешен играч на Реал беше милионер, сега се занимава со необичен бизнис за да преживее

Read more
 

Спорт

Дали судот ќе одлучува за фантомскиот гол на Јамал?

Читај повеќе

Шпанскиот суд ја замрзна сметката на Пике

Читај повеќе
  • play_arrow

Арсенал ја продолжи борбата за тројната круна со најголемата победа против Челси во својата историја

Читај повеќе
  • play_arrow

Поранешен играч на Реал беше милионер, сега се занимава со необичен бизнис за да преживее

Читај повеќе

Гигантите од Евролигата се против влезот на Дубаи

Читај повеќе

Лапорта: Можеби ќе побараме преигрување

Читај повеќе

Тројцата исклучени во дербито ги дознаа казните

Читај повеќе

И Аргентинец ќе суди на ЕУРО 2024

Читај повеќе

Две причини зошто Чави ја преиспита одлуката да остане на Камп Ноу

Читај повеќе