Копачи на злато откопаа совршено сочуван мамут стар 30.000 години

Рудари во златните полиња Клондајк на далечниот север на Канада дошле до ретко откритие кога копајќи по злато пронашле речиси совршено сочувани мумифицирани остатоци од волнено младенче мамут.

Членовите на локалниот тим на младенчето му го дале името Нун чо га, што значи „големо животно бебе“.

Палеонтологот Грент Зазула рече дека младенчето, кое ги задржало кожата и крзното, е „прекрасно и едно од најневеројатните мумифицирани животни од леденото време откриени во светот“.

„Возбуден сум што уште повеќе ќе го запознаам“, рече тој.

Остатоците од младенчето мамут беа откриени на 21 јуни за време на ископувањата низ вечниот мраз јужно од Досон Сити на канадската територија Јукон, која граничи со американската сојузна држава Алјаска.

Се верува дека животното е женско и умрело за време на леденото време, пред повеќе од 30.000 години кога волнените мамути талкале низ регионот заедно со диви коњи, пештерски лавови и огромни степски бизони.

Зазула за CBC изјави дека Нун чо веројатно имало околу еден месец кога починало, најверојатно откако се заглавило во кал.

Ова откритие го означува првиот речиси целосен и најдобро зачуван мумифициран волнеен мамут пронајден во Северна Америка.

реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Силјановска Давкова за убедливото водство: Напати се срамам, зарем е можно толку многу луѓе вака да реагираат

Read more

Храна што го намалува ризикот од дијабетес, рак и деменција

Read more

Три уреди во домот што никогаш не треба да се исклучуваат од струја

Read more

Вести

Сондата Voyager 1 се „разбуди“ - повторно испраќа податоци од вселената

Read more

Европа е под топлотен стрес - се загрева најбрзо од сите континенти

Read more

На повидок нов револуционерен начин на потрага по вонземен живот

Read more

Маж во Холандија имал ковид 613 дена: Пронајдени се над 50 мутации на вирусот

Read more
 

Гик

  • play_arrow

Откриено тајно brutality за Mortal Kombat 1

Читај повеќе

Poetry Camera ги претвора фотографиите во поезија

Читај повеќе

Три популарни теории за тоа како почнал животот на Земјата

Читај повеќе

Grindr во центарот на скандал: Споделувале ХИВ статус на корисниците

Читај повеќе

Сондата Voyager 1 се „разбуди“ - повторно испраќа податоци од вселената

Читај повеќе

Европа е под топлотен стрес - се загрева најбрзо од сите континенти

Читај повеќе

На повидок нов револуционерен начин на потрага по вонземен живот

Читај повеќе

Откриена најголемата змија што некогаш живеела на Земјата

Читај повеќе

Маж во Холандија имал ковид 613 дена: Пронајдени се над 50 мутации на вирусот

Читај повеќе