Корисниве трикови станаа вистински хит на интернет.
Изабела Авила на TikTok објави видео во кое откри корисни трикови кои ќе ви помогнат како на најлесен начин да се ослободите од мачнина и нагон за повраќање. Нејзините трикови се одобрени од страна на лекар.
Во видеото е објаснето дека може да се ослободите од нагонот за повраќање доколку истурите малку медицински алкохол на крпа и го вдишувате мирисот. Исто така, објаснето е како да ги прочистите синусите – ставете го јазикот на непцето, а потоа со палецот притиснете го челото и држете го прстот 20 секунди.
Нејзиното видео има повеќе од 50 милиони прегледи, а видеото го одобри и познатиот доктор Каран Раџ кој ги проверил овие трикови и открил дека навистина помагаат.
@onlyjayus Body Hacks 🧍 #fyp #bodyhacks #lifehacks #hacks #science #humanbody #health #themoreyouknow #medical #lifeadvice #facts #fact #funfacts #onlyjayus
♬ Stuck in the Middle - Tai Verdes