Корона-кризата не ѝ може ништо на Alibaba – отвора паметна фабрика во Кина

Додека целиот свет уште ги чувствува последиците од застојот предизвикан од пандемијата со COVID-19, групацијата Alibaba го претстави пилот-проектот за паметна фабрика во кинескиот град Хангџоу.

Проектот е дел од иницијативата за „паметно производство“ и се надоврзува на напорите на кинеските онлајн трговци да воспостават што е можно потесна соработка со домашните производители.

Оваа најава го означува ширењето на Alibaba и на секторите за производство, што е надвор од нејзиното делување во е-трговијата.

Во соопштението на кинескиот гигант во е-трговијата се наведува дека со фабриката ќе управува интерното одделение Xunxi Digital Technology Company, а во првата фаза ќе соработува најнапред со производители на облека.

Најавувајќи го пилот-проектот за паметната фабрика, од Alibaba објаснија дека ќе ги искористат податоците што ги собираат во интернет трговијата, пребарување и продажба за да им помогнат на брендовите да предвидат кои производи ќе бидат популарни и на тој начин самите што е можно побрзо да им ги пласираат на пазарот.

Remote video URL

Основачот на Alibaba, Џек Ма, во 2016 година го идентификуваше „новото производство“ како еден од петте трендови кои ги нарече идни бизнис можности на групацијата, покрај „новата малопродажба“, „новите технологии“, „новите финансии“ и „новите енергии“.

Ширењето на производството временски се поклопи со обидите на кинеските интернет трговци да воспостават потесна соработка со домашните производители.

Најголемиот конкурент на Alibaba – Pinduoduo – може да го припише својот подем во малопродажбата во домашниот сектор токму на поттикнувањето на производителите да ги продаваат своите производи директно на потрошувачите.

Тагови
реклама

Три уреди во домот што никогаш не треба да се исклучуваат од струја

Read more

Научници открија која храна го зголемува ризикот од рак

Read more

Полната Месечина во Скорпија на 24 април ќе направи хаос

Read more

Посипете маслиново масло врз ловоров лист и ќе се изненадите колку е моќен

Read more

Бизнис

Скокнаа цените на нафтата, остар пад на доларот

Read more

Раст на Волстрит втор ден по ред

Read more

Цените на нафтата пораснаа, доларот благо зајакна

Read more

Португалија откри наоѓалиште на нафта во близина на Намибија

Read more
 

Вести

Одзивот до 15 часот е 35,89 отсто, најмалку гласале во Центар Жупа

Читај повеќе

ЕУ ќе му даде на Западен Балкан помош од две милијарди евра до 2027 година

Читај повеќе
  • play_arrow

Одзивот до 13 часот е 26,35 отсто – најмногу гласале во Новаци, а најмалку во Врапчиште

Читај повеќе

ОЈО Делчево истражува обид за изборен поткуп со бесплатно вградување водомери

Читај повеќе

Приведен охриѓанец кој го фотографирал гласачкото ливче

Читај повеќе

Северот на Европа е под силен руски притисок, истокот крвари, а една земја плаќа висока цена

Читај повеќе

Штипјанец и скопјанка ги фотографирале гласачките ливчиња, димна бомба на гласачко место во Скопје

Читај повеќе

Скокнаа цените на нафтата, остар пад на доларот

Читај повеќе

На 12,78 отсто се искачи одзивот до 11 часот, најголем во Демир Капија 23,99 отсто

Читај повеќе