Корона кризата повторно удри по платите во Реал Мадрид

Раководството на Реал Мадрид најверојатно ќе биде принудено да ги замоли играчите да земаат намалени плати и следната сезона, поради пандемијата на коронавирус и драстичниот пад на приходитe.

Како што пренесува Marca, се очекува да нема навивачи на трибините во Шпанија до крајот на 2020 година, а тоа практично значи дека клубовите би можеле да останат без третина од буџетот за следната сезона.

Едноставно, речиси е невозможно да се компензира губитокот на приходи од продажбата на билети, па раководствата на многу големи клубови, вклучувајќи го и Реал, ќе бидат принудени да преземат драстични мерки.

URL

Реал веќе ги намали платите на играчите за десет проценти за сезоната 2019/20, и нема шанси ова да се избегне во следната, освен ако публиката не се врати на стадионите.

Клубот пресметал дека продажбата на одделни играчи нема да ги спаси. Оттаму, играчите беа информирани за плановите на раководството за следната сезона, поточно за фактот дека сепак ќе треба да го прифатат намалувањето на платата.

Фудбалерите се свесни за ситуацијата и не го обвинуваат раководството за тоа - капитенот Серхио Рамос и претседателот Флорентино Перес се во одлични односи и нема сомнение дека играчите ќе продолжат да го поддржуваат клубот откажувајќи се дел од својата заработка.

Пред сè, Реал планира да заштеди околу 200 милиони евра ова лето, но сè ќе зависи од тоа дали публиката ќе се врати на трибините во блиска иднина.

Исто така, се верува дека еден од приоритетите ќе биде решавање на ситуацијата околу Герет Бејл.

URL

Иако агентот на Велшанецот неодамна изјави дека Бејл ќе остане на „Сантјаго Бернабеу“, тоа не мора да значи дека ќе биде така, особено ако се има предвид дека Бејл има неделна плата од 713.000 евра.

Тие сигурно ќе ги преиспитаат понудите од Кина што веќе ги имаа, бидејќи неговата продажба значително ќе го ослободи буџетот за плати.

Тагови
реклама

Фудбал

Дали судот ќе одлучува за фантомскиот гол на Јамал?

Read more

Шпанскиот суд ја замрзна сметката на Пике

Read more

Арсенал ја продолжи борбата за тројната круна со најголемата победа против Челси во својата историја

Read more

Поранешен играч на Реал беше милионер, сега се занимава со необичен бизнис за да преживее

Read more
 

Спорт

Дали судот ќе одлучува за фантомскиот гол на Јамал?

Читај повеќе

Шпанскиот суд ја замрзна сметката на Пике

Читај повеќе
  • play_arrow

Арсенал ја продолжи борбата за тројната круна со најголемата победа против Челси во својата историја

Читај повеќе
  • play_arrow

Поранешен играч на Реал беше милионер, сега се занимава со необичен бизнис за да преживее

Читај повеќе

Гигантите од Евролигата се против влезот на Дубаи

Читај повеќе

Лапорта: Можеби ќе побараме преигрување

Читај повеќе

Тројцата исклучени во дербито ги дознаа казните

Читај повеќе

И Аргентинец ќе суди на ЕУРО 2024

Читај повеќе

Две причини зошто Чави ја преиспита одлуката да остане на Камп Ноу

Читај повеќе