Коронавирус кај 57 морнари во Аргентина, не знаат како се заразиле

Во Аргентина 57 морнари по 35 дена поминати на море се заразени од COVID-19, иако пред пловидбата биле негативни на тестот.

Рибарскиот брод се вратил во пристаништето откако неколку морнари развиле симптоми кои одговараат на COVID-19, соопшти аргентинското Министерство за здравство.

Според Министерството, 57 од 61 член на екипажот сега се позитивни на коронавирусот.

Сите биле тестирани 14 дена пред пловењето, биле негативни и во карантин во хотел во градот Ушуаја сè додека да се качат на бродот.

Само двајца морнари се негативни на вирусот, а резултати се очекуваат за уште двајца членови на екипажот. Двајца морнари се хоспитализирани.

– Тешко е да се утврди како се заразени бидејќи тие не биле во контакт со никого 35 дена, а со храна биле снабдени од пристаништето во Ушуаја, вели епидемиологот Алехандра Алфаро во покраината Огнена Земја на југот од Аргентина.

Стручњаци сега се обидуваат да ја утврдат хронологијата на симптомите со цел да дојдат до хронологијата на заразата.

Директорот на одделот за заразни болести во болницата во Ушуаја, Леандро Балаторе вели дека инкубацијата од 35 дена сè уште не е опишана.

Бројот на заразени со COVID-19 во Аргентина надмина 100.000, а повеќе од 1.900 лица починаа. Повеќето од заразените се во областа на главниот град Буенос Аирес.

реклама

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Read more

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Read more

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Read more

Се степале вработени во болница во Карпош

Read more

Свет

Огромна дупка во Рим проголта два автомобила

Read more

Во Франција за Велигден ќе биде распоредена полиција пред секоја црква

Read more

Пет сценарија како Франција може да се вмеша во војната во Украина

Read more

Путин: Обвинувањата дека Русија ќе ја нападне Европа по Украина се глупост

Read more
 

Вести

  • play_arrow

Огромна дупка во Рим проголта два автомобила

Читај повеќе

Госпоѓиците од Авињон на сцената на Националната опера и балет

Читај повеќе

ВМРО-ДПМНЕ: Растот на платите со кои се фали Битиќи е лага, платите се стопија со порастот на трошоците на живот

Читај повеќе

Села оди во коалиција со Ахмети

Читај повеќе

Македонија треба да ѝ врати 2,2 милиона евра на Европската комисија - биле злоупотребени преку Еразмус+

Читај повеќе

Хоспитализирана 71-годишна скопјанка, jа нападнале две лица

Читај повеќе
  • play_arrow

Апасиев: НАТО не носи демократија, НАТО е кршач на меѓународното право и Повелбата на Обединетите нации

Читај повеќе

Во Франција за Велигден ќе биде распоредена полиција пред секоја црква

Читај повеќе

Расправија за паркинг во Аеродром прераснала во голема тепачка

Читај повеќе