Коронавирус: Што ако не сте развиле антитела по вакцинирањето?

Ако сте се вакцинирале против COVID-19 или сте прележале SARS-CoV-2, а немате антитела или ги имате малку, не очајувајте. Антителата не се единствениот механизам на одбрана.

Тоа не мора да значи дека не сте заштитени од инфекција, тврдат експерти. Во целосниот имун одговор на организмот има цела војска од антитела и различни видови клетки.

„Кога станува збор за новиот коронавирус SARS-CoV-2, и антителата и Т-клетките се важен дел од имунолошкиот одговор којшто ни помага да се избориме со вирусот“, велат за BBC на српски јазик Алба Грифони и Алесандро Сете од Институтот за имунологија во Ла Хоја, Калифорнија, пренесе b92.

Тие се дел од тимот истражувачи во Центарот за инфективни болести и истражување вакцини.

Како се стекнува имунитет на коронавирусот?

Нашиот имун систем го брани телото од инфекции и се состои од два дела. Првиот е секогаш подготвен за акција и се активира веднаш штом во телото ќе биде откриен непознат напаѓач. Познат е како вроден имунолошки одговор и вклучува ослободување хемиски соединенија кои предизвикуваат воспаленија и бели крвни клетки кои можат да ги уништат заразените клетки.

Но, овој систем не е специфичен за коронавирусот, може да го запамети и нема да ве заштити од COVID-19.

Потребен е усвоен имунолошки одговор којшто подразбира клетки кои произведуваат одредени антитела кои се лепат за вирусот за да го запрат и Т-клетки кои ги напаѓаат заразените клетки.

За ова е потребно време, според некои студии, по 10 дена организмот почнува да прави антитела. Најболните пациенти развиваат најсилен имунолошки систем.

Колку трае имунитетот?

Меморијата на имунитетот е слична како и нашето паметење, некои инфекции целосно ги памти, но има навика некои и да ги заборави. Сипаниците, на пример, имунитетот ги памти цел живот.

Новиот коронавирус не е доволно долго време меѓу луѓето за да знаеме колку долго ќе трае имунитетот на него. Студија објавена од Институтот за јавно здравје во Англија покажа дека повеќето луѓе кои биле во контакт со вирусот се заштитени барем 5 месеци.

Сепак, има и случаи на повторно инфицирање, а дури и кај асимптоматските пациенти може да се најдат големи количини од вирусот во носот или устата. На тој начин можат да го пренесат.

Дури и кога антителата ќе исчезнат, клетките коишто ги создаваат, таканаречените Б-клетки, можеби и понатаму ќе бидат тука. Б-клетки за Шпански грип се пронајдени кај луѓе и 90 години по пандемијата.

Дали имунитетот е посилен по прележана инфекција или по вакцина?

„Обично поголем број антитела се создаваат по вакцинација отколку по природно заразување и таквиот имунолошки одговор е променлив од човек до човек. Вакцинацијата е многу побезбедна отколку прележување на COVID-19, бидејќи се намалува ризикот од добивање потешки облици на болеста кои мора да се лекуваат во болнички услови“, наведуваат истражувачите Алба Грифони и Алесандро  Сете.

Нивната студија покажала дека кај 95 проценти од пациентите шест месеци по природното заразување со вирусот и понатаму постои имунолошки систем, како и дополнителен одговор кој трае и до 8 месеци по инфекцијата.

Дали треба сите да ги провериме антителата?

Не, дури ни ако сме примиле вакцина. Тоа има смисла да се направи тогаш кога не сте сигурни дали сте прележале коронавирус, а сте имале ризичен контакт.

Тагови
реклама

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Најнеобичните цвеќиња што може да се видат на Земјата

Read more

Зошто Александар Македонски не го нападнал Рим туку одел само на исток?

Read more

Здравје

Колку често мажите треба да ејакулираат за да го одржат своето здравје?

Read more

Рани симптоми на дијабетес кои не смееме да ги игнорираме

Read more

Дали сончањето за време на бременоста може да биде опасно за бебето?

Read more

Како реагира мозокот на еден час поминат во природа?

Read more
 

Магазин

Што навистина значат боите на знамињата на САД, Италија, Германија и Грција?

Читај повеќе

Сезона е на јагоди, направете тирамису од ова овошје и кокос

Читај повеќе

Колку често мажите треба да ејакулираат за да го одржат своето здравје?

Читај повеќе

Рецепт на денот: Ароматично пилешко со зеленчук и рузмарин

Читај повеќе

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Читај повеќе
  • play_arrow

Најнеобичните цвеќиња што може да се видат на Земјата

Читај повеќе

Три причини зошто вежбањето со тегови е клучно за слабеење

Читај повеќе

Психолог предупредува на 6 збора што може да ја уништат врската

Читај повеќе

Натпреварувачка во „Милионер“ запна на прашање за Адам и Ева

Читај повеќе