Коронавирусот ги исполни капацитетите на струмичката болница

Струмица, 12 октомври 2020 (МИА) – Зголемениот број на заразени од COVID-19 целосно ги исполни сместувачките капацитети во струмичката болница, дури и тие кои беа дополнително отворени, информира директорот д-р Наќе Гогов.

Покрај Инфективното одделение, кое е веќе полно и таму се лекуваат 15 пациенти со полесна клиничка слика, пополнет и дополнителниот од 13 кревети кој беше отворен во поранашените хируршки амбуланти.

-Планираме да ги прошириме капацитетите со поставување на уште шест-седум кревети во другите амбуланти, кои се веднаш до хируршките. Но, засега најголем проблем ни е персоналот и тоа како лекари, така и сестри. Ги немаме доволно за да ја покриваат работата во овој оддел на Инфективното одделение, вели директорот Гогов.

Тој вчера побарал помош од заменик-министерот за здравство за обезбедување персонал за да се пополнат празните места за да може да се лекуваат ковид-пациентите.

-Со постојниот персонал повеќе не можеме и неиздржливо е да се постигне потребниот обем на работа. Веќе од среда очекувам да ни биде испратен дополнителен персонал за да може да се покрие и новиот простор што треба да се отвори за сместување на пациенти, додаде директорот на струмичката болница, д-р Наќе Гогов.

Инаку, проблемот добива уште повеќе на тежина, бидејќи двајца лекари, три медицински сестри и двајца административци од струмичката болница се позитивни на COVID-19 и се во домашна изолација.

реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Димитриевски до Пендаровски: Разликата е огромна, откажете се од оваа битка и оставете нè да победиме во вториот круг

Read more

Заврши ретрограден Меркур: Детален хороскоп за сите знаци, 2 ќе бидат најсреќни

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Македонија

Муцунски: Вчера се случи почетокот на крајот на власта на СДС и ДУИ

Read more

Ангелов за ДУИ: Со пушка дојдоа на власт, со пенкало да ги отераме на буништето на историјата

Read more

Пендаровски победи во 3 општини, а Таварари и Димитриевски само кадешто се градоначалници

Read more

Силјановска Давкова против Пендаровски во вториот круг

Read more
 

Вести

Над 100 кг кокаин пронајдени меѓу банани во супермаркети во Германија

Читај повеќе

Лукашенко: Украина набргу ќе престане да постои ако не се согласи на преговори

Читај повеќе

Муцунски: Вчера се случи почетокот на крајот на власта на СДС и ДУИ

Читај повеќе
  • play_arrow

Москва: Американското нуклеарно оружје во Полска ќе биде примарна цел

Читај повеќе

Таткото на Вања ќе оди во куќен притвор, Врховниот суд му ја уважи жалбата

Читај повеќе

Ангелов за ДУИ: Со пушка дојдоа на власт, со пенкало да ги отераме на буништето на историјата

Читај повеќе

Русија стави вето на Советот за безбедност на ОН против забраната за оружје во вселената

Читај повеќе

Пендаровски победи во 3 општини, а Таварари и Димитриевски само кадешто се градоначалници

Читај повеќе

Силјановска Давкова против Пендаровски во вториот круг

Читај повеќе