Коронавирусот може да преживее на телефон и на пари подолго отколку што се мислеше досега

Научниците открија дека коронавирусот SARS-CoV-2 кој ја предизвикува болеста COVID-19, може да преживее на стакло, хартија и нерѓосувачки челик подолго отколку што се мислеше досега.

Коронавирусот уште е опасен откако ќе остане на површини како што се банкноти, екрани на телефони и нерѓосувачки челик и до 28 дена, тврдат научниците. Австралиската државна агенција за наука утврди дека ова е подолго задржување на вирусот на овие површини отколку што се сметаше порано.

Вирусот најчесто се пренесува преку капки во воздухот, кога заразени луѓе кашлаат, киваат или зборуваат. Но, некои експерти велат дека може да се пренесе и од честички во воздухот, како и преку допир на површини како метал и пластика на кои паднале капки.

Претходните лабораториски студии покажаа дека коронавирусот може да преживее два до три дена на банкноти и стакло и до шест дена на пластика и челик, но резултатите варираат.

Неодамнешното истражување на австралиската агенција CISRO откри дека вирусот е „многу отпорен“ и може да преживее до 28 дена на мазни површини како стакло на мобилни телефони - кога се чува на температура 20 степени Целзиусови, што е приближно на собна температура.

За споредба, вирусот на грип може да преживее 17 дена под истите услови.

Експериментите биле извршени во темна просторија, бидејќи УВ зраците го убиваат вирусот.

„Ако утврдиме колку долго вирусот преживува на површините, ќе можеме попрецизно да го предвидиме ширењето и подобро да ги заштитиме луѓето“, рече извршниот директор на CISRO, д-р Лери Маршак.

Истражувањето објавено во Virology Journal покажа дека вирусот потешко опстојува на потопли температури - престанува да биде инфективен во рок од 24 часа откако бил изложен на температура од 40 степени Целзиусови.

URL

SARS-CoV-2 првенствено се шири преку воздух. Истражувањата покажаа дека останува инфективен во честичките што се пренесуваат во воздухот повеќе од три часа.

Претходните истражувања на нерѓосувачки челик имаа различни резултати - од три до 14 дена, на собна температура. Новото истражување се занимаваше со прашањето колку долго вирусот може да преживее на стакло, хартија, пластика и челик. Откриено е дека преживува до 28 дена на сите три површини, на температура од 20 степени - значително подолго отколку во претходните студии.

Експериментите, сепак, беа спроведени во услови што му „одговараат“ на вирусот - во затемнета просторија со стабилна температура и влажност - така што вирусот можеби нема да помине „толку добро“ во реални услови во вистинскиот свет.

Овие резултати секако нè потсетуваат на потребата редовно да се мијат рацете, како и да се чистат телефоните и да се избегнува допирање на лицето, со цел да се намали ризикот од инфекција.

Авторите на студијата велат дека можноста вирусот да преживее на нерѓосувачки челик при ладни температури може да објасни како епидемјата на COVID-19 ибувна во индустријата за преработка на месо и во ладилници - илјадници работници се позитивни на коронавирусот низ целиот свет.

Истражувачите на CISRO исто така наведуваат дека нивното истражување ги поддржува претходните кои откриле дека вирусот може да преживее и на свежа и на замрзната храна. Светската здравствена организација вели дека „во моментов нема потврден случај на инфекција преку храна“.

реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Димитриевски до Пендаровски: Разликата е огромна, откажете се од оваа битка и оставете нè да победиме во вториот круг

Read more

Силјановска Давкова за убедливото водство: Напати се срамам, зарем е можно толку многу луѓе вака да реагираат

Read more

Храна што го намалува ризикот од дијабетес, рак и деменција

Read more

Здравје

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Read more

Храна што го намалува ризикот од дијабетес, рак и деменција

Read more

Лекарка предупредува на 4 симптоми на смртоносен рак што не смее да се игнорираат

Read more

Посипете маслиново масло врз ловоров лист и ќе се изненадите колку е моќен

Read more
 

Магазин

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Читај повеќе
  • play_arrow

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Читај повеќе

Каде грешиме со појадокот и поради тоа имаме проблеми со надуеност?

Читај повеќе

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Читај повеќе

5 знаци кои покажуваат дека не јадете доволно

Читај повеќе

Милано размислува да забрани продажба на сладолед по полноќ

Читај повеќе

Дали можете да ги најдете сите 12 животни во оваа илустрација?

Читај повеќе

Храна што го намалува ризикот од дијабетес, рак и деменција

Читај повеќе

Три знаци кои ги откриваат нарцисоидните мајки

Читај повеќе