Корпички од компири полнети со мелено месо

Корпичките направени од компири и полнети со мелено месо се совршено меки, богати со вкусови и изгледаат како да се од ресторан, па сите ќе се воодушеват кога ќе ги послужите.

Потребни состојки:
  • 1 кг компири
  • 1 лажица путер
  • грст копар
  • 1 лажичка сол
  • масло

за полнењето:

  • 250 гр мелено месо
  • 1 кромид
  • 1 црвена пиперка
  • 1 зелена пиперка
  • 1 лажица доматна паста
  • 140 гр варен грашок и морков
  • 1 лажичка сол
  • 1 лажичка бибер
  • 1 лажичка ким
  • 1 лажичка црвена пипер
  • 60 мл вода
  • рендан кашкавал
Подготовка:

Компирите исечкајте ги на коцки, сварете ги, исцедете ги, додадете путер и посолете ги, па додадете им копар. Замесете како да месите тесто и оставете да отстои во фрижидер додека целосно не се излади.

Многу е важно смесата да се излади, затоа што е невозможно да се обликуваат корпичките доколку смесата е врела. Кога ќе се излади, поделете ја на 4 еднакви делови, расукајте го секој дел, па притиснете со прстите по средината и направете облик на корпичка.

Додека смесата од компири се лади, испржете ги сите состојки за полнењето - меленото месо, кромидот, пиперките, грашокот, морковите и сите зачини, па тргнете на страна.

Со масло подмачкајте тава за печење и наредете ги корпичките, па во секоја распоредете од мешавината. Додадете и рендан кашкавал над секоја корпичка, па повторно од смесата со мелено месо и повторно кашкавал.

Печете на 180°C околу половина час, или додека не поруменат. Кога ќе се испечат извадете ја тавата од рерна и оставете половина час да се излади, па потоа сервирајте.

реклама

Украина се одмазди за бруталниот руски напад врз Киев

Read more

Ново истражување го разби митот за 10.000 чекори дневно

Read more

Мбапе удри по тренерот: Ми рече дека сум четврти напаѓач; Арбелоа: Не е вистина

Read more

Пилот изврши итно слетување во Атлантикот, сите се спасени

Read more

Рецепти

Салатата од компири ќе биде повкусна ако додадете една едноставна состојка

Read more

Рецепт за освежителен сок од цвет од багрем

Read more

Направете автентични италијански панцероти: Неверојатно крцкави и полни со фил

Read more

Новата Olympus урда носи вкусен Instagram предизвик, патување и многу награди!

Read more
 

Магазин

Салатата од компири ќе биде повкусна ако додадете една едноставна состојка

Читај повеќе

Работи што треба да ги знаете ако пиете кафе веднаш по будењето

Читај повеќе

Карактерот, средината и моќта на вистинските тимови

Читај повеќе
  • filter

Како модерниот дизајн ја избриша топлината од работите што нè опкружуваат?

Читај повеќе

Навики што родителите треба да ги воведат во утринската рутина на децата

Читај повеќе

Која разлика во годините на партнерите е најдобра за преживување тешкотии во бракот?

Читај повеќе

Ново истражување го разби митот за 10.000 чекори дневно

Читај повеќе

Рецепт за освежителен сок од цвет од багрем

Читај повеќе

Што се случува со вашиот метаболизам ако секој ден јадете пилешко и ориз?

Читај повеќе