На социјалните мрежи неодамна се појави видео од актерката Кортни Фокс како ги чисти ѕвездите на Патеката на славните во Холивуд.

Во видеото објавено на социјалните мрежи во средата, славната актерка истрчува на улица откако видела луѓе како шетаат над нејзината ѕвезда и се обидува да ја исчисти.
Актерката на овој начин се потсети на улогата во култната хумористична серија „Friends“, каде како Моника Гелер ужива да го чисти својот дом и домовите на своите пријатели.
Покрај својата ѕвезда, актерката неколку пати ги забриша и ѕвездите на нејзините најдобри пријателки Лора Дерн и Џенифер Анистон, како и Рис Витерспун, која во некои епизоди на „Friends“ се појавуваше како помлада сестра на Џенифер Анистон.
Иако оваа снимка изгледаше како уште една забавна објава на социјалните мрежи, актерката Кокс всушност направи интересен маркетиншки потег промовирајќи го својот нов бренд за чистење Homecourt.
За потсетување, оваа 58-годишна актерка пред еден месец ја доби својата ѕвезда на Патеката на славните во Холивуд. На церемонијата се појавија нејзините колешки Џенифер Анистон и Лиза Кудроу.
Нејзиниот последен филм „Scream VI“ моментално се прикажува во кината низ светот, како и кај нас. Таа ја репризира улогата на новинарката Гејл Ведерс, а воедно е и извршен продуцент.