Косилка што чини колку половен автомобил: Сама коси, со GPS навигација

Светот на сѐ попопуларните роботски косилки за трева стана побогат за роботите Segway Navimow.

Роботските косилки постојат многу години и повеќето бараат инсталирање на жици што го означуваат периметарот на вашиот тревник, држејќи ја косилката во рамките на просторот што сакате да го косите, додека други, како што е косилката iRobot Terra, користат вградени системи за мапирање да останат во назначените области.

Segway сега ја претстави својата нова косилка Navimow, која е прва во светот што користи GPS за навигација со прецизен систем за водење наречен Extra Fusion Locating System.

На корисниците им е овозможено да ги нацртаат виртуелните граници на својот тревник во апликација за смартфон, а Navimow користи вградени сензори за да се движи со прецизност од 2 см. Во случај роботот да излезе од виртуелниот периметар, корисникот веднаш добива аларм на својот телефон.

Покрај тоа, Navimow се карактеризира со прилично тивка работа, така што создава бучава од само 54 dB, што е малку повеќе од половина од бучавата на стандардните косилки.

Друга интересна карактеристика се петте безбедносни сензори кои ѝ овозможуваат на косилката да открие и избегне пречки.

Косилката ќе се продава во неколку модели по големина, моќност на моторот и капацитет на батерија, така што најмоќниот модел ќе биде опремен со батерија од 10,4 Ах, која ќе се простира на површина од 3.000 квадратни метри со едно полнење, и кога чувствува дека батеријата е при крај, косилката автоматски ќе се врати во станицата за полнење.

Најдобриот модел H3000E (10,4 Ах) се продава за 3.000 долари, а најслабиот H500E (5.2 Ах), кој може да искоси 500 квадратни метри со едно полнење, ќе ве чини 1.400 долари. Колку за споредба, во оваа ценовна група може да се најдат солидни половни автомобили, како Fiat Punto, Dacia Sandero, Toyota Avensis...

реклама

Три уреди во домот што никогаш не треба да се исклучуваат од струја

Read more

Научници открија која храна го зголемува ризикот од рак

Read more

Полната Месечина во Скорпија на 24 април ќе направи хаос

Read more

Посипете маслиново масло врз ловоров лист и ќе се изненадите колку е моќен

Read more

Чек дис аут

„Село на духови“ кое стана популарна туристичка атракција

Read more

За што служи металниот дел на пакувањето од саламите?

Read more

Што навистина значат боите на знамињата на САД, Италија, Германија и Грција?

Read more

Најнеобичните цвеќиња што може да се видат на Земјата

Read more
 

Магазин

Три знаци кои ги откриваат нарцисоидните мајки

Читај повеќе

Личен тренер откри колку протеини дневно треба да внесуваме за успешно слабеење

Читај повеќе

Лекарка предупредува на 4 симптоми на смртоносен рак што не смее да се игнорираат

Читај повеќе

5 лекции што најуспешните деца ги учат од родителите

Читај повеќе

Посипете маслиново масло врз ловоров лист и ќе се изненадите колку е моќен

Читај повеќе

Граѓаните на ЕУ повеќе претпочитаат печатени отколку електронски книги

Читај повеќе

3 најлоши постапки што можете да ги направите ако дознаете дека партнерот ве изневерил

Читај повеќе

Совет здравје вреден: Како да разликувате рециклиран убрус од направен од чиста целулоза?

Читај повеќе

Дали би платиле 2.000 евра за Лагото Ромањоло – куче кое наоѓа тартуфи?

Читај повеќе