Косовската претседателка откри детали од разговорот со Вучиќ: Негодуваше и се жалеше

Претседателката на Косово, Вјоса Османи, раскажа каква била нејзината вчерашна средба со српскиот претседател Александар Вучиќ во Молдавија. Таа тврди дека средбата имала информативен карактер и оти не станало збор за преговори, а била одржана на барање на францускиот претседател Емануел Макрон и германскиот канцелар Олаф Шолц.

На средбата, покрај Макрон и Шолц, присуствувал и Жузеп Борељ, високиот претставник на ЕУ за надворешна и безбедносна политика, а Османи кажала дека од Косово се побарани нови избори на северот, пренесува Avaz.

„Не планирав да се сретнам со Вучиќ. Се разбира, дијалогот меѓу Косово и Србија е во тек во Брисел“, рече таа.

„Средбата дојде на инсистирање на европските лидери. Како претседателка на Косово, сакав да ја покажам конструктивноста што е доблест на нашиот народ и дека можеме да разговараме со сите. Не е првпат да се сретнам со Вучиќ на ваква средба. Морам да кажам дека оваа средба, која се одржа на инсистирање на претседателот Макрон и канцеларот Шолц, не беше преговарање, туку средба на која разменивме мислења. Вучиќ се жалеше и негодуваше и секако не ја кажуваше вистината“, продолжи таа.

Како што кажа, ситуацијата во Северно Косово и понатаму е главна тема на нејзините средби со европските лидери.

„Имав трилатерална средба со претседателот Макрон и канцеларот Шолц. Борељ се приклучи на состанокот и детално разговаравме за предизвиците со кои се соочуваме и кои се некои од опциите што можат да нѐ натераат да одиме напред“, најави таа.

„Во овој момент клучно е Србија да престане да ги поддржува криминалните групи кои предизвикуваат најголем дел од проблемите на северот и поширокиот регион. Ова е предуслов за деескалација на ситуацијата. И второ, целосно спроведување на Договорот постигнат во Охрид, бидејќи Вучиќ повеќепати кажа дека нема намера. Го прекршил најмалку осум пати и затоа е клучно да има јасна порака од ЕУ“, заклучи косовската претседателка

реклама

Се гради највисоката кула во светот, ќе биде висока 1.000 метри

Read more

Експертите предупредуваат на „тивкиот убиец“ без симптоми

Read more

Што се добива кога ќе завариш две Југо коли во една?

Read more

Неделен хороскоп од 25 септември до 1 октомври

Read more

Регион

Во Загреб пристигнаа налози за апсење, Грците бараат екстрадиција на уште десет навивачи

Read more

Косово врие од лажни евро монети – уапсени и лица од Македонија

Read more

Фрлени бомби врз три куќи на српски политичари во Косово

Read more

Бугарија јавно ќе ги објавува имињата на сите македонски граѓани што извадиле бугарски пасоши

Read more
 

Вести

Како Руската православна црква регрутира шпиони низ парохиите низ САД?

Читај повеќе

Пендаровски: Потребни ни се блиски врски меѓу Македонија и дијаспората

Читај повеќе

Бебе тешко повредено во градинка во Скопје

Читај повеќе

Шефот на сицилијанската мафија во кома, лекарите престанаа да го хранат

Читај повеќе

Доларот зајакна десетта недела по ред – ова не се случило 10 години

Читај повеќе

Активни шест пожари во околината на Прилеп и Битола

Читај повеќе

Попладне нестабилно време со пороен дожд и грмежи

Читај повеќе

Мицкоски: Ахмети и Џафери да ја кажат вистината за содржината на УСБ-то и пликото кои што им биле дадени

Читај повеќе

Дете со мотор во Струга прегази девојче на улица

Читај повеќе