УЕФА ЛИГА НА ШАМПИОНИ 2020/21

Косовскиот шампион пред исфрлање од ЛШ поради позитивни фудбалери

Денешниот квалификациски дуел на Дрита против Линфилд не се одигра откако тестирањата на косовските фудбалери открија и втор позитивен играч.

Шампионот на Косово, тимот на Дрита од Гнилане, според новите правила се соочува со исфрлање од квалификациите за новата сезона во Лигата на шампиони.

Требаше денеска да игра против Линфилд, шампион на Северна Ирска, во финалето од претквалификациите. Но, позитивниот тест го запали алармот во УЕФА и натпреварот веднаш беше откажан. Требаше да се игра на неутрален терен во Нион каде пред неколку дена се играа и двата полуфинални натпревари.

„Играчот кој беше тестиран позитивен синоќа, претходно имаше негативен тест во петокот како дел од скринингот на УЕФА. Целиот тим на Дрита беше негативен на тестирањето пред да пристигне во Швајцарија“, стои во соопштението на УЕФА.

„Во петокот, друг играч на Дрита беше позитивен во пресрет на нивниот дуел со Ескалдес. Играчот беше ставен во карантин заедно со соиграч со кој се воспостави дека имал близок контакт“.

„Вториот позитивен играч, кој бил во контакт со сите останати изминативе денови, ги натера швајцарските власти да го сместат целиот косовски тим во карантин. Според тоа, натпреварот не може да се одигра“, вели УЕФА.

Многу веројатно е дека Дрита ќе биде исфрлена од квалификациите, а Линфилд ќе биде тимот кој ќе продолжи во 1. коло од квалификациите за Лигата на шампиони и ќе игра против варшавска Легија. Тоа е бидејќи нема време кога да се одигра средбата со оглед на тоа што 1. коло се игра веќе наредните вторник и среда.

реклама

Три уреди во домот што никогаш не треба да се исклучуваат од струја

Read more

Полната Месечина во Скорпија на 24 април ќе направи хаос

Read more

Научници открија која храна го зголемува ризикот од рак

Read more

Откриена најголемата змија што некогаш живеела на Земјата

Read more

Фудбал

Поранешен играч на Реал беше милионер, сега се занимава со необичен бизнис за да преживее

Read more

Лапорта: Можеби ќе побараме преигрување

Read more

Тројцата исклучени во дербито ги дознаа казните

Read more

И Аргентинец ќе суди на ЕУРО 2024

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Поранешен играч на Реал беше милионер, сега се занимава со необичен бизнис за да преживее

Читај повеќе

Гигантите од Евролигата се против влезот на Дубаи

Читај повеќе

Лапорта: Можеби ќе побараме преигрување

Читај повеќе

Тројцата исклучени во дербито ги дознаа казните

Читај повеќе

И Аргентинец ќе суди на ЕУРО 2024

Читај повеќе

Две причини зошто Чави ја преиспита одлуката да остане на Камп Ноу

Читај повеќе
  • play_arrow

Тео, Думфрис и исмејување: 3 работи од Милан - Интер што не ги видовме на ТВ

Читај повеќе

Репрезентациите на ЕУРО со 26 наместо со 23 играчи?

Читај повеќе
  • play_arrow

Капело не го смета Кристијано Роналдо за фудбалски генијалец

Читај повеќе