Ковачевски: Цената на струјата останува иста

Производството на електрична енергија за домаќинствата е стабилно, а цената на струјата за домаќинствата нема да се менува. Акционерското друштво „Електрани на Северна Македонија“ го засили ископот на јаглен во РЕК „Битола“ и РЕК „Осломеј“, заради стабилно производство на електрична енергија за домаќинствата и го оптимизира производството во хидроелектраните, гасната и ветерната електрана, изјави директорот на АД ЕСМ, Васко Ковачевски.

Ковачевски најави склучување на договор за набавка на јаглен за РЕК „Осломеј“ за негова континуирана работа од декември до април 2022 година. Додека за РЕК „Битола“, тој информираше дека повторно е распишан повик, со цел да се добие поголемо количество на јаглен, со поволна цена која ќе има економска оправданост.

– Истовремено, се прават координации со ТЕЦ „Неготино“ за започнување со работа на оваа термоелектрана и доколку се обезбеди мазут, истата ќе се стави во функција, вели Ковачевски, додавајќи дека електрична енергија за домаќинствата има доволно и дека цената останува иста.

Тој појасни дека поради високите цени на берзите во регионот и во Европа, набавката на јаглен ја спроведуваат по препорака на Владата, во соработка со Стопанската комора,  на отворен пазар. Набавката е наменета за стопанството и институциите, со цел тие да се снабдат со електрична енергија по пониски цени од моменталните. 

реклама

Зошто треба да ставите алуминиумска фолија зад рутерот?

Read more

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Read more

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Read more

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Read more

Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Растот на платите со кои се фали Битиќи е лага, платите се стопија со порастот на трошоците на живот

Read more

Села оди во коалиција со Ахмети

Read more

Македонија треба да ѝ врати 2,2 милиона евра на Европската комисија - биле злоупотребени преку Еразмус+

Read more

Апасиев: НАТО не носи демократија, НАТО е кршач на меѓународното право и Повелбата на Обединетите нации

Read more
 

Вести

  • play_arrow

Огромна дупка во Рим проголта два автомобила

Читај повеќе

Госпоѓиците од Авињон на сцената на Националната опера и балет

Читај повеќе

ВМРО-ДПМНЕ: Растот на платите со кои се фали Битиќи е лага, платите се стопија со порастот на трошоците на живот

Читај повеќе

Села оди во коалиција со Ахмети

Читај повеќе

Македонија треба да ѝ врати 2,2 милиона евра на Европската комисија - биле злоупотребени преку Еразмус+

Читај повеќе

Хоспитализирана 71-годишна скопјанка, jа нападнале две лица

Читај повеќе
  • play_arrow

Апасиев: НАТО не носи демократија, НАТО е кршач на меѓународното право и Повелбата на Обединетите нации

Читај повеќе

Во Франција за Велигден ќе биде распоредена полиција пред секоја црква

Читај повеќе

Расправија за паркинг во Аеродром прераснала во голема тепачка

Читај повеќе