Ковачевски: Со Петков ќе разговараме за иднината и за проекти што значат подобар живот за граѓаните на двете држави

На утрешната средба меѓу премиерите на Северна Македонија и Бугарија, Димитар Ковачевски и Кирил Петков, доминантно ќе се разговара на теми од областа на економијата, инфраструктурата, образованието, образовната соработка, иновациите, како и за поддршката во евроинтеграцискиот процес на земјава.

Ова денеска го потврди премиерот Ковачевски во изјава за медиумите по средбата со претседателот на државата Стево Пендаровски.

Тој нагласи дека на средбата со Петков ќе разговараат за сето она „што ќе значи зголемена размена на трговија, зголемена размена на идеи, зголемена размена на млади коишто меѓу себе ќе ја вратат довербата“, со цел да се успее да се воспостави дијалогот на „едно ниво кое што гледа кон иднината“.

Намерата на двајцата премиери, како што рече, е да разговараат за иднината, како и за проекти коишто значат подобар живот на граѓаните на двете држави.

Ковачевски вели дека нашите позиции се кристално јасни, односно дека ние сме Република Северна Македонија во која граѓаните зборуваат македонски јазик и имаме свој засебен идентитет.

– Во однос на историските прашања секогаш сум кажувал дека треба да бидат дел од дебата на историчарите, а дека довербата меѓу граѓаните треба да се гради на позиции коишто значат подобар стандард за нив и како да дојдеме до тоа. Во однос на малцинските права ние ги почитуваме сите повелби и сите организации во кои се регулираат на меѓународно ниво, вклучително и ОН и малцинските права. Ние исто така сме држава која што кажала во однос на сите свои соседи дека нема да се меша во нивните внатрешни прашања, потенцира Ковачевски.

Со бугарскиот премиер Петков, како што рече, нема да потпишуваат договори во однос на тоа што треба да го сработат на полето на економијата, туку низ работа ќе ја вратат прво довербата меѓу граѓаните и тоа нема во сите области да го прават политичарите.

– Кога зборуваме за соработка во областа на економијата и во областа на трговијата тогаш тука сметам на соработка помеѓу бизнис секторот, што значи дека ќе ги повикаме и стопанските комори на двете држави да соработуваат помеѓу себе. Во областа на образованието ќе ги повикаме и универзитетите да соработуваат меѓу себе. Во однос на иновациите, оние кои се занимаваат со нови бизниси, со иновации да соработуваат меѓу себе, додаде Ковачевски.

Тој нагласи дека ваквиот принцип ќе се користи и при образовна и културна размена, како и дека ќе се работи на тоа младите да воспостават подобра комуникација меѓу себе.

– Се надеваме дека на тој начин, правејќи еден дијалог на ниво на теми кои го исполнуваат животот на луѓето во однос на нивните очекувања и во однос на подобрувањето на тоа како живеат, тие ќе надвладеат над историските теми и дека врз основа на таков дијалог и врз основа на таков разговор меѓу две добрососедски и две соседни држави, разговор што ќе се базира на европските вредности, на почитување меѓу сите граѓани и на почитување на достоинството на двете држави, ќе успееме да дојдеме до решение, рече Ковачевски.

Тој уште еднаш нагласи дека е „рационален оптимист“, односно дека верува во решение, потенцирајќи дека ќе работи тоа решение да се оствари.

Бугарска владина делегација, предводена од премиерот Кирил Петков утре ќе допатува на еднодневна официјалната посета на нашата земја заедно со Кристиан Вигенин, заменик-претседател на Народното Собрание на Република Бугарија, и со бугарските министри за надворешни работи и за транспорт и врски, Теодора Генчовска и Николај Сабев.

Според најавите од Владата, на аеродромот во Скопје владината делегација на Република Бугарија ќе ја пречека министерот за надворешни работи Бујар Османи по што се очекува да започне официјалниот дел на посетата со церемонијалниот пречек со високи државни и воени почести пред Владата на Република Северна Македонија.

Бугарската делегација ќе ја пречека премиерот Димитар Ковачевски, придружуван од потпретседателот на Собранието Горан Мисовски, вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ, министрите за надворешни работи и за транспорт и врски, Бујар Османи и Благој Бочварски, како и од членови на Канцеларијата на претседателот на Владата и на Министерството за надворешни работи.

Според агендата за посетата, премиерите Ковачевски и Петков ќе имаат тет-а-тет средба, а одделни средби ќе имаат и вицепремиерот Бојан Маричиќ со потпретседателот на бугарското Народно Собрание, Кристиан Вигенин, министрите за надворешни работи на двете држави, Бујар Османи и Теодора Генчовска, како и министрите за транспорт и врски Благој Бочварски и Николај Сабев.

Програмата за посетата потоа предвидува пленарен состанок на двете делегации со кој ќе претседаваат премиерите Ковачевски и Петков после што ќе следува и нивна заедничка прес-конференција.

Премиерите Ковачевски и Петков, потоа, во Клубот на пратениците, официјално ќе го промовираат проектот за помош во развојот „Електронски дневник за лица со дијабетес“, кој премиерот Петков ќе му го врачи на премиерот Ковачевски како донација на Република Бугарија.

Во преостанатиот дел од агендата за посетата на делегацијата на Република Бугарија, премиерот Петков ќе има одделни средби со претседателот Стево Пендаровски и со претседателот на Собранието Талат Џафери.

Официјалната посета е предвидено да заврши во вечерните часови после што владината делегација на Република Бугарија ќе замине за меѓународниот аеродром Скопје на лет за Софија.

реклама

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Read more

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

Со две ластичиња до убави велигденски јајца со нова шара

Read more

Македонија

МОН: Во училиштата во кои ќе се одвива изборниот процес наставата ќе се реализира со скратени часови

Read more

Ќе го оставиме срцето на терен за интересот на Македонија, рече Мицкоски и најави позитивна кампања

Read more

Пендаровски со претставка за говорот на омраза, навредите и дискриминацијата од страна на Силјановска-Давкова и ВМРО-ДПМНЕ

Read more

ДУИ си играше власт: Османи стана претседател, Села на Собранието, Бугарите влегоа во Уставот

Read more
 

Вести

Украле сеф од менувачница во Чаир и побегнале со возило без таблички

Читај повеќе

Маж ја нападнал поранешната сопруга на работното место, па ѝ се заканувал со нож

Читај повеќе

Националниот џез оркестар со „Џез лектира“ гостува во Велес

Читај повеќе

Новинарска фотографија на годината: Не сакаше да го пушти телото на девојчето

Читај повеќе

Џонсон: Балканот може да биде следната цел на Путин

Читај повеќе

Се вештачат трагите од предметите пронајдени во автомобилот во кој била убиена малата Данка

Читај повеќе

МОН: Во училиштата во кои ќе се одвива изборниот процес наставата ќе се реализира со скратени часови

Читај повеќе

Доживотен затвор за маж кој на свиреп начин уби жена во Кочани

Читај повеќе

Ќе го оставиме срцето на терен за интересот на Македонија, рече Мицкоски и најави позитивна кампања

Читај повеќе