Ковид-измама: Над 800 луѓе во Уганда вакцинирани со вода

Најмалку 812 жители на источноафриканската држава биле вакцинирани со лажни вакцини од страна на група изманици.

Скандалот бил откриен кон крајот на јуни од страна на угандските власти кога ги уапсиле измамниците. Благодарение на еведенцијата која ја воделе, полицијата востановила дека барем 812 луѓе добиле лажна вакцина против COVID-19 која содржела најголем дел вода.

Измамничката група оперирала во главниот град Кампала, а ја сочинувале две медицински сестри и едно лице кое се претставувало како доктор. Двете сестри се наоѓаат во притвор, додека „докторот“ успеал да избега и полицијата сѐ уште трага по него.

Групата функционирала на тој начин што лажниот доктор таргетирал компании убедувајќи ги да ги вакцинираат вработените по специјална цена за нив - од 28 до 56 долари по доза. Вакцините кои неговата група велела дека ги има на располагање биле оние на AstraZeneca произведени во Индија.

Властите на Уганда стапиле во контакт со индиските колеги со цел проверка на веродостојноста на нивните открија, па се востановило дека во Индија не само што никогаш не испратиле таква пратка вакцини во Уганда, туку воопшто не произвеле. Тогаш станало јасно дека вакцините се лажни.

Луѓето кои биле боцнати со лажна вакцина не се ниту отруени ниту им е нанесена било каква штета по нивното здравје, па можат дополнително да примат вистинска вакцина.

Од почетокот на пандемијата во Уганда се регистрирани 90 илјади случаи на COVID-19, а околу 2.400 луѓе ги загубија животите поради болеста. Сепак, со оглед на малиот број тестирања се претпоставува дека бројката на заразени и починати е далеку поголема.

Вакцинацијата во Уганда се одвива со многу бавно темпо поради недостаток на вакцини кои требаше да стигнат преку КОВАКС системот на ОН наменет за сиромашните земји.

реклама

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Заврши ретрограден Меркур: Детален хороскоп за сите знаци, 2 ќе бидат најсреќни

Read more

Свет

Бран насилство во Хаити: илјадници мртви, премиерот поднесе оставка

Read more

Русија најави: Ги преместуваме системите Искандер на границата со Финска

Read more

Приходите на Русија од нафта и гас се речиси двојно зголемени

Read more

Над 100 кг кокаин пронајдени меѓу банани во супермаркети во Германија

Read more
 

Вести

Мицкоски до СДСМ и Ковачевски: Нека не ве чуди што ве снајде вчера

Читај повеќе

Бран насилство во Хаити: илјадници мртви, премиерот поднесе оставка

Читај повеќе

Русија најави: Ги преместуваме системите Искандер на границата со Финска

Читај повеќе

Османи победи во Торонто

Читај повеќе

Ганиу до Груби: Терапијата ти ја препишува д-р Арбен, ќе ја примиш на 8 мај

Читај повеќе

Приходите на Русија од нафта и гас се речиси двојно зголемени

Читај повеќе
  • filter

Во прв круг за претседател е избран само Глигоров со 715.087 гласа, Силјановска и Пендаровски по вторпат во втор круг

Читај повеќе

Над 100 кг кокаин пронајдени меѓу банани во супермаркети во Германија

Читај повеќе

Лукашенко: Украина набргу ќе престане да постои ако не се согласи на преговори

Читај повеќе